Зошто Данците се најсреќниот народ на светот?

Данците се неверојатно горди на фактот што се прогласени за најсреќната нација на светот.

zosto-dancite-se-najsrekjniot-narod-na-svetot-001.jpg

Нивната влада се залага за работна недела од 37 часа, задолжителна пауза за ручек, најмалку 5-неделен платен годишен одмор, продолжено и платено породилно отсуство, како и флексибилни распореди за работа од дома и добивање детски додаток.

Благодарение на тоа, Данците поминуваат помалку од третина од своето време во извршување на работните задачи, а сепак нивната продуктивност и ефикасност е поголема од повеќето членки на ЕУ и САД.

Па, во што е тајната?

1. Работниците ја добиваат целата доверба дека добро ќе ја извршат работата

Работната недела во Данска трае 37 часови и за тоа време луѓето се трудат да бидат што е можно попродуктивни, наместо да изнаоѓаат секакви можни начини како побрзо да им помине времето и да си отидат дома.

Тие одговорно и совесно ги работат задачите кои им се доделени и целосно преземаат одговорност за тоа кое го сработиле. На крајот од работното време сите си заминуваат дома, од директорот до портирот, бидејќи сметаат дека само на таков начин можат да го дадат најдоброто од себе.

2. Семејството е важно

Данците не се срамат да го стават семејството на прво место, а на листата на приоритети им е носењето на детето на лекар, земањето од градинка или училиште и други слични домашни обврски.

Освен тоа, грижата за деца се одбива од данокот, а државата обезбедува средства за помош на старите лица. Грижата за семејството го опфаќа и образовниот систем. Во центарот на образовниот систем на Данска е ставено детето и неговите потреби, па според тоа се изготвуваат посебни програми за настава.

3. Освен работата, подеднакво е важен и одморот

Многу работа значи и многу стрес, што носи со себе и повеќе здравствени проблеми, а помала ефикасност. Истражувањата од друга страна покажуваат дека одморот му овозможува на мозокот поголема креативност, а оттука годишниот одмор не е никаков луксуз, туку нешто кое е навистина потребно и корисно.

Данците се држат до девизата „Среќен работник е и добар работник“.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...
5 знаци дека самите сте виновни што сте несреќни во животот Дали ја запоставувате грижата за себе? А, дали имате навика опсесивно да „скрола...
Тешкиот живот на мајката на Џеф Безос – Го родила на 16 години, немала пари Мајката на еден од најбогатите луѓе во светот имала исклучително тежок живот и с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg