Во новиот хотел од мраз во Шведска (фото)

„Icehotel 365“ е името на хотелот во кој посетителите ќе имаат шанса да уживаат на температури пониски од нула.

Dzirnete-vo-nocviot-hotel-od-mraz-vo-Svedska-01

Хотелот вклучува 20 апартмани изработени од снег и мраз од некои од најдобрите уметници низ светот. Покрај апартманите располага и со бар каде се служи шампањ и други пијалаци, како и галерија од мраз.

Структура ја одржува својата температура преку разладувачи на соларна енергија и се наоѓа веднаш до традиционалниот сезонски хотел од мраз кој се гради за време на зимските месеци.

Овој хотел започнува со работа на 16 декември, а гостите може да се сместат во некоја од 55 соби, 26 уметнички апартмани или 9 делукс апартмани.

Секој апартман е посебно украсен и изработен внатре, а делукс апартманите располагаат и со сауна, туш или када веднаш до самата соба.

Гостите може да учествуваат во курсот за преживување на Арктикот каде ќе научат како да изградат засолниште и да запалат оган со крмен.

Оваа зима задолжен за храната ќе биде Александар Мајер, готвач со Мишелин обука, чие мени ќе се состои главно од локални состојки.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жените го имаат главниот збор, мажите го земаат нивното презимe: Интересни факти за племето Кхаси од... Мажот во куќата доаѓа како домазет, целиот имот останува на најмалата ќерка, а а...
Десет имиња за бебиња со библиска симболика Душан - Потекнува од зборот „душа“, а луѓето кои го носат ова име слават именден...
Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...
Како да препознаете отровни змии и како да избегнете напад? Генерално, отровните змии имаат триаголна форма на главата, а неотровните змии и...
Кој навистина ја измисли Барби – Жената која сакаше девојчињата да имаат кукли со гради или „разврат... Рут Хендлер и Џек Рајан се двете имиња што се спомнуваат како креатори на Барби....
Најубавите машки и женски имиња на буквата „Л“ кои значат нежност, светлина и заштита Едно од најпопуларните машки имиња на светот, Лука, во превод значи „светлост, с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg