10 предлози: Што ви е хоби?

10-predlozi-sto-vi-e-hobi-povekjeНа место да го губите слободното време бесцелно, би било убаво да си најдете некое хоби. Работата и студиите се редовен дел од животот, а хобито е нешто...

 

...кое најчесто ве исполнува и ви го прави животот исполнет и забавен.

Ова се 10 предлози кои би можеле да се најдат на вашиот секојдневен распоред.

1. Започнете сопствен блог или пишување. Ако сакате да го споделите вашиот живот или интересни работи кои сакате да ги знаат и другите, започнете свој блог.

Или можете да пишувате едноставно во тетратка. Убави мисли, секојдневието, интереси – се може да се најде на ова парче хартија.

10-predlozi-sto-vi-e-hobi

2. Научете странски јазик. Никогаш нема да ви биде на одмет да знаете странски јазик плус во животот. За почеток бидете сигурни дека ќе уживате во учењето.

3. Заинтересирајте се за астрономијата. Ѕвездите кријат интересна приказна зад себе. Посетете планетариум, набљудувајте го небото – може да се изненадите.

4. Запишете се на курс по танцување. Никогаш не е на одмет да знаете да играте. Денес е доблест да се знаат да се танцуваат валцери, танго, латино ритми.

5. Купете си бои и платно и испробајте се во уметноста. Можеби се крие невиден талент. Зошто да не?

6. Изработувајте макети. Соберете си материјал (картони, стиропор, бои) и се друго што може да ви користи во правењето макети.

7. Читајте. Една книга во месецот нека биде ваша обврска и задоволство. Читајте теми кои ве интересираат или белетристика.

8. Обидете се да готвите. Одберете ги вашите омилени специјалитети и научете да ги правите сами.

9. Фотографирајте. Велат дека многу луѓе се пронаоѓаат во фотографијата. Не мора да биде професионално. Најдете инспирација и играјте со фотоапаратот.

10. Изработувајте персонализиран накит. Ова е особено атрактивно за девојките. Вклучете го мозокот, креативноста и ќе се вчудоневидите од своите способности.

Слободно додадете некој ваш предлог.

Би можело да ве интересира:

12 карактеристики на „лошите“ мажи (какви не ви требаат) Кога се лути или фрустрирани, прават сите околу нив да го чувствуваат тоа. Ако п...
9 илустрации што ќе ви разбудат носталгија - Како се славеше Нова година кога бевме деца vs. како се... Кристалот се вадеше еднаш-dvapati годишно, се користеше во специјални прилики и ...
Моќта на датумот 11.11 и како да го искористите позитивното влијание на четирите единици (според нум... Деновите како 11 ноември, кога се формира низата 1-1-1-1, во нумерологијата се с...
Бонтон правила кои ќе ве спасат од непријатни ситуации (да не оставите впечаток на вулгарна и некулт... Не одете во ресторани покрај плажа само по костим за капење, оставајте го јавнио...
9 ситуации кога треба да се справите со (непријатни) продавачи, низ илустрации Дали продавачи пробале да ве убедуваат дека нешто ви стои одлично само за да го ...
Колку пари навистина имал Пабло Ескобар (и како ги трошел)? „Знам дека Пабло заработуваше толку многу кеш, што секоја година, губеше околу 1...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg