Која храна врвните готвачи никогаш не ја нарачуваат во ресторан?

„Која храна би требало да се избегнува во рестораните?“ е прашањето кое им било поставено на голем број готвачи и работници во ресторани на веб-сајтот „Quora“.

Koja-hrana-vrvnite-gotvaci-nikogas-ne-ja-naracuvaat-vo-restoran-01_copy.jpg

Тие како личности со искуство, од прва рака можат најдобро да ви кажат која храна е навистина добра, а со која не би сакале да експериментирате.

Ова се нивните одговори:

1. Лично, ако сум на повеќе од 30 километри од морето, тогаш не нарачувам храна со морски плодови.

2. Избегнувам да нарачувам бифтек во ресторани кои не се специјализирани за нив. Разгален сум бидејќи сум работел во многу такви ресторани, па ако не се специјализирани за тоа, најчесто се разочарувам. Исто така, избегнувам и морски плодови, освен ако не сум на место кое е познато по нив или некаде каде знам дека набавуваат свежа риба и морски плодови.

3. Ако сте во кинески ресторан, не нарачувајте храна што не е кинеска. Има причина зошто се тие специјализирани за кинеска храна. Еднаш нарачав пире од компири и добив нешто што беше составено од 75% бело брашно.

4. Еден од моите ментори ме советуваше никогаш да не нарачувам специјалитети на куќата. Според него, многу ресторани специјалитетите ги прават од остатоците од стара храна која не сакаат да ја фрлат.

5. Ако одите на риба во недела, веројатно нема да биде свежа.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
7 бон-тон правила за во ресторан и на свечени настани Ако сте на свечен настан со шведска маса, едната рака секогаш нека ви биде слобо...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
Најпознати турски суеверија – Колку се слични со македонските? Што значи ако ви свират ушите, зошто не треба да ги сечете ноктите навечер или к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg