61-годишната баба која рекламира костими за капење ја сподели тајната на младоста

Онлајн продавницата „The Dreslyn“ заедно со компанијата за костими за капење, „Land of Women“, продолжуваат и понатаму да ги кршат стереотипите за тоа која жена може да биде модел за нивната кампања.

61-godishniot-model-koj-pozira-vo-kostimi-za-kapenje-ja-spodeli-tajnata-na-mladosta-01.jpg

Минатата година тие ја одбраа 60-годишната Јаземина Роси да позира во нивните костими за капење, а соработката продолжува и оваа година со уште нови фотографии.

Јаземина и на 61 година продолжува да изгледа неверојатно како и да докажува дека не мора да бидете исклучиво млади, витки и без брчки за да бидете дел од модна кампања.

Инаку, Јаземина Роси е родена во Франција, а целиот свој живот го поминала на островот Корзика. Таа сега е модел, визуелен уметник и фотограф кој прави свои лични портрети. Моментално живее во Малибу, Калифорнија.

Инаку, вели дека не постои голема тајна заради која изгледа толку младолико, туку дека „јаде органска храна целиот свој живот, уште пред да биде модерна“.

Неверојатните фотки од костими за капење на 61-годишниот модел:

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот За разлика од новите генерации кои користат паметни табли и голем број надредни ...
5 потсетници кои ќе ви помогнат полесно да ги прифатите големите (и неизбежни) животни промени Не заборавајте дека промените ни помагаат да созрееме, но и дека секогаш ни носа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg