7-те тајни за среќа откриени од Данците

Данска е постојано рангирана помеѓу најсреќните земји во светот. Многу Данци потврдуваат дека имаат концепт по кој живеат и заради кој се среќни.

7te-tajni-za-srekja-otkrieni-od-dancite-001.jpg

Името на тој концепт? Hygge.

Значењето е следново - најдете уживање во секојдневните удобности кои ви ги нуди животот.

Овој начин на живот се поврзува со комфорот, безбедноста и свесноста каде припаѓате.

7-те тајни кои мора да ги почитувате ако сакате да бидете среќни како Данците:

1. Инвестирајте во свеќи

Данците горат многу повеќе свеќи од било кој друг народ. Посебно ги сакаат свеќите со природни ароми и дрвени фитили, кои создаваат пуцкетање на дрвото како кога гледате како гори камин.

7te-tajni-za-srekja-otkrieni-od-dancite-1.jpg

2. Секогаш имајте залиха од омилениот топол пијалак

За нив, кафето, какаото и чајот се синоним за мир, бидејќи создаваат топлина и удобност во секој момент. Однадвор ги греете рацете, однатре ја греете душата.

7te-tajni-za-srekja-otkrieni-od-dancite-2.jpg

3. Поврзете се

Додека сите ќе ве советуваат да најдете време за себе и да уживате во самотијата, Данците велат дека сакаат да се поврзуваат со пријателите преку домашни активности. Топло ви препорачуваат да ги поканите пријателите кај вас дома, да зготвите нешто и да разговарате. Бидете присутни во моментот.

7te-tajni-za-srekja-otkrieni-od-dancite-3.jpg

4. Нека ви биде удобно

Џемпери, ќебиња, дебели чорапи - комфорот е клучен во начинот на живот. Па затоа на врнежливите студени ноќи не се форсирајте да бидете забавни. Седнете на каучот, земете го миленичето, замотајте се во ќебе и мирувајте.

7te-tajni-za-srekja-otkrieni-od-dancite-4.jpg

5. Забавете малку

Светот нема да престане да се врти ако си дадете време за уживање! Водете се по ова правило.

7te-tajni-za-srekja-otkrieni-od-dancite-5.jpg

6. Почитувајте го природното

Скандинавските ентериери се познати по присуството на дрво и зеленило. Во превод, внесете ја природата внатре. Собите во кои престојувате нека бидат светли и со многу зеленило.

7te-tajni-za-srekja-otkrieni-od-dancite-6.jpg

7. Гответе без рецепт

Излезете од шаблонот на „пластични рецепти“ кои веќе сите ги знаат и прават. Гответе по вкус и по осет. Наточете чаша вино и вкусете го рајот на чинија.

7te-tajni-za-srekja-otkrieni-od-dancite-7.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
3 психолошки причини заради кои секогаш сте несреќни + Што треба да промените? „Тоа што верувате дека сте во право за тоа што се жалите, не значи дека таквиот ...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
„Губење“ време и уште 9 работи што сите треба да ги правиме почесто Денес, кога сè околу нас се случува пребрзо и неретко немаме ни време да здивнем...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Непријатни промени што мора да ги направите во 20-тите години ако сакате исполнет живот Сите се свесни дека ако сакат да си го подобрат животот, мора да направат некои ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg