Зошто интелигентните луѓе се најсреќни кога се сами?

Дали некогаш сте посакале да отидете некаде далеку, многу далеку, каде нема никој жив и каде би биле потполно сами?

zoshto-inteligentnite-lugje-se-najsrekjni-koga-se-sami-01.jpg

Ако да, тогаш голема е веројатноста да сте натпросечно интелигентни, барем така тврди едно истражување.

До овој заклучок дошле научниците од Универзитетот за менаџмент во Сингапур и Универзитетот за економија и политика во Лондон, чија главна идеја била да најдат поврзаност меѓу местото каде живеат луѓето и колку се задоволни со животот.

Резултатите покажале доста интересна работа - колку е поголема интелигенцијата кај луѓето кои живеат во големите градови, толку се помалку среќни. Додека поголемиот дел од луѓето се задоволни да бидат покрај своите пријатели и опкружени со многу луѓе, високо интелигентните личности најдобро се чувствуваат кога се сами.

Зошто се случува тоа?

Научниците тврдат дека ние се чувствуваме непријатно во поголеми заедници, бидејќи нашиот мозок сè уште е еволуциски прилагоден на работа во група со максимален број на членови од 150 луѓе. Па, колку е личноста попаметна, толку помалку удобно се чувствува во големите групи.

Но, тоа не значи дека интелигентните се несреќни покрај другите, туку дека пронаоѓаат мир во самотијата.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
8 сурови вистини од кои ќе научите многу за животот Ако не се борите за тоа што го сакате, не треба да плачете за тоа што ќе го изгу...
12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg