Откриени тајните на 4-те најпопуларни магионичарски трикови

Колку и да сме возрасни и колку пати и да сме погледнале различни магионичарски шоуа, секогаш во глава го имаме прашањето „како е ова возможно?“

otkrieni-tajnite-na-4-te-najpopularni-magionicarski-trikovi-1.jpg

За сите кои упорно сакаат да ја дознаат вистината, дури и по цена да ја „уништат“ магијата, нудиме објаснувања:

1. Извлекување на зајак од капа

За овој трик потребен е зајак, маса покриена со чаршав и длабока капа. Земате тенка ткаенина и правите вреќичка во која се става зајакот. Зајакот во вреќичката виси на едниот раб под масата. На почетокот капата е превртена наопаку, а при самото вртење, зајакот скришно се зема од под масата и се става во капата заедно со материјалот.

otkrieni-tajnite-na-4-te-najpopularni-magionicarski-trikovi-2.jpg

Видеото ќе ви објасни подетално:

2. Правење чад со прсти

Земате странично парче од кутијата кибрит, односно делот од кој се палат чкорчињата. Одвојте ја лентата и запалете ја. Оставете ја да изгори на подлога како чинија. Во трагите кои ќе останат мацнете ги прстите. Кога ќе почнете да ги триете, ќе почне да излегува чад.

otkrieni-tajnite-na-4-te-najpopularni-magionicarski-trikovi-3.jpg

3. Виткање на лажица

За успешно изведување на овој трик, прво мора да сокриете метална монета во раката. Кога ќе бидете подготвени да ја „свиткате“ лажицата, држете ја монетата така што ќе и се гледа само врвот, односно ќе создадете илузија дека монетата е дршката од лажицата.

otkrieni-tajnite-na-4-te-najpopularni-magionicarski-trikovi-4.jpg

4. Луѓе кои левитираат

Ова е речиси исто како да лежат на маса, само што вие не ја гледате таа подлога заради облеката. Многу сличен механизам со луѓето кои тврдат дека левитираат држејќи се за бастун, а всушност од него излегува столче.

otkrieni-tajnite-na-4-te-najpopularni-magionicarski-trikovi-5.jpg

Уште 6 разоткриени магионичарски трикови погледнете тука.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
5 потсетници кои ќе ви помогнат полесно да ги прифатите големите (и неизбежни) животни промени Не заборавајте дека промените ни помагаат да созрееме, но и дека секогаш ни носа...
Како да препознаете отровни змии и како да избегнете напад? Генерално, отровните змии имаат триаголна форма на главата, а неотровните змии и...
Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот За разлика од новите генерации кои користат паметни табли и голем број надредни ...
Сопруги на познати лидери на култови, кои биле исто злобни колку сопрузите Бони Нетлс беше сопруга на лидерот на култот Heaven’s Gate. Верувала дека комуни...
8 секојдневни работи кои ни го празнат паричникот (а за нив има поевтина замена) Салата пакувана во кесичка, памук за чистење шминка, облека за специјални пригод...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg