Зошто случајностите никогаш не се случајни?

На секого му се има случено да се соочи со ситуација каде не може да објасни одредена случајност.

zoshto-slucajnostite-vsushnost-nikogash-ne-se-slucajni-01.jpg

На пример, планирате да се јавите на некој пријател и додека да ја кренете слушалката телефонот почнува да ѕвони, а на другата страна на линијата е токму тој пријател на кој сте планирале да му се јавите.

Или си поставувате одредено прашање и случајно наоѓате одговор додека пешачите на улица.

Понекогаш овие совршено креирани случајности никако не можеме да си ги објасниме логички, ниту пак да веруваме дека ни се случиле.

Јасен пример за тоа е приказната на актерот Ентони Хопкинс.

Тој добил понуда да глуми во филмот „The Girl from Petrovka“, базирана на истоимената новела на авторот Џорџ Фајфер.

За подобро да се запознае со ликот кој требал да го глуми тој сакал да ја купи оригиналната верзија од книгата, не само сценариото. Но, никаде не можел да ја најде.

Еден ден случајно додека се возел во метро наишол на копија од книгата.

А, подоцна, откако веќе го снимил филмот, се запознал со авторот на книгата во авион. Тој му се пожалил дека му ја позајмил на својот пријател единствената вредна копија, а тој ја изгубил во метро.

Книгата била вратена на сопственикот.

Звучи премногу неверојатно за да биде возможно, нели?

Се чини како сите ние да сме поврзани со невидливи конци, а според познатиот психолог Карл Густав Јунг, ова тврдење е вистина.

Тој феноменот го нарекува синхроницитет.

Понатаму вели дека овој феномен се случува кога постои голема поврзаност помеѓу личноста и нејзината околина. Поточно, кога постои силна врска меѓу просторот, времето, свесното и несвесното.

Во одредени моменти и под специфични објективни значења кои ѝ се важни на личноста, настанува силна привлечност која предизвикува случајности како фатални несреќи или неверојатна среќа, па дури и чуда.

Колку е личноста поблиска со околината околу себе, толку е голема привлечноста и можноста да настане одредена случајност.

Секако, не можеме да бидеме 100% дека овој феномен е точен, но во секој случај, мистичното понекогаш ни помага да почнеме да се однесуваме на одреден начин, да донесеме одредени одлуки, па и радикално да си го промениме животот.

Сè што е потребно е да бидеме повнимателни и отворени за можноста да се случи синхроницитет.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да познаете дали купувате копија или оригинал од познатите брендови? Timberland чизми, Lacoste маички и Pandora белегзии – како да познаете дали купу...
5 потсетници кои ќе ви помогнат полесно да ги прифатите големите (и неизбежни) животни промени Не заборавајте дека промените ни помагаат да созрееме, но и дека секогаш ни носа...
Како да измерите нешто, кога при рака немате линијар или метро? Со вашите дланки и прсти, но и користејќи ги димензиите на банкнотите – постојат...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
8 фрази што ги кажуваме со најдобра намера, но се всушност навредливи „Кога ќе имате деца“, „Зошто не се венчате“… Постојат некои фрази и прашања што ...
12 работи што општеството не ги прифаќа, иако се здрави и нормални, низ илустрации Грижата за децата не е само женска работа, па затоа не е срамота и татковците са...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg