10 важни работи кои треба да ги знаете за годината на Црвениот огнен петел

Кинеската Нова година започна на 28-ми јануари 2017-та година, а ќе заврши на 15-ти февруари 2018-та година.

10-vazni-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-za-godinata-na-Crveniot-ognen-petel-01

Според нивната астрологија, оваа година е позната како година на Црвениот огнен петел.

Секој од 12-те знаци има свои карактеристики, според кои Кинезите често предвидуваат каква ќе биде годината која доаѓа.

Ова се 10-те најважни работи кои треба да ги знаете за годината на Црвениот огнен петел:

1. Годината на огнениот петел ќе биде особено тешка во почетокот. Првите неколку месеци од кинеската нова година ќе бидат тешки за сите знаци од зодијакот, бидејќи секој ќе треба да најде начин да се бори против своите пороци, комплекси и стравови, доколку сака успешно да продолжи понатаму.

2. Ова е годината кога секој треба да се обиде да воспостави хармонија со својот партнер, семејството, пријателите и колегите, бидејќи петелот е познат како знак кој е управуван од огнениот елемент. Но, ова е и време кога секој од нас треба да се обиде да воспостави внатрешна хармонија меѓу умот и душата.

3. Во годината на огнениот петел ќе работиме напорно, бидејќи петелот е познат по својата ефикасност, чесност и сила за извршување на замисленото. Ова е време во кое секој од нас, не само што може да изгради успешна кариера, туку може да ги оствари и своите долго замислувани соништа.

Годината на огнениот петел е неверојатно погодна за реализација, за стекнување нови професионални врвови или за промена на работното место.

4. Во годината на огнениот петел треба да се однесуваме сериозно кон парите и да ги трошиме разумно - трезвено да ги проценуваме ризиците и да трошиме онолку колку што можеме да си дозволиме.

5. Доколку сакаме да имаме добро здравје, годината на огнениот петел е време во кое треба да се свртиме кон природата - лекување со билки и печурки, хомеопатија, алтернативна медицина, јога, медитација...

Не заборавајте и на редовните сексуални односи, бидејќи освен за уживање, сексот е одличен и за здравјето и помага за намалување на стресот. Годината на петел се поврзува со болестите на дишните патишта и епидемиите од грип, а на крајот на годината треба да се чуваме од опасни повреди.

6. Во годината на огнениот петел, оние кои се сингл имаат огромни шанси да ја сретнат љубовта на својот живот, па дури и да склучат брак. Ако веќе сте создале семејство, ова е многу поволен период да планирате бременост - зачнувањето ќе се случи лесно, бременоста ќе помине без проблеми и ќе родите силно и мирно бебе.

7. Иако годината на огнениот петел се поврзува со црвена боја, истата треба да се избегнува кога е облеката во прашање. Покрај облеката, треба да заборавиме и на црвените скапоцени камења како рубинот или гранатот.

8. Во годината на огнениот петел задолжително треба да имаме пурпурни нијанси во домот и канцеларијата. Според фенг шуи, ако оваа боја преовладува во вашиот дом, среќата секогаш ќе биде со вас. Пурпурна боја, која се добива од мешањето на сино и црвено, симболизира сила, благородништво, луксуз, независност, креативност и амбиција.

9. Во годината на огнениот петел, речиси сите знаци од кинескиот хороскоп ќе се чувствуваат добро. Годината ќе биде навистина успешна за луѓето родени во знакот Змеј, како и за тие родени во знаците на Змија, Бик и Петел.

Зајакот, Кучете и Коњот треба навистина да внимаваат, бидејќи за нив ова ќе биде најтешка година, полна со проблеми и искушенија

10. Годината на огнениот петел се поврзува со два скапоцени камења - аметист и топаз.

Аметистот се смета за камен на „дyxoвнocтa и задоволството“. Тој имa смирувачки и релаксирачки ефект, ги ĸoнтpoлиpa нeгaтивнитe миcли и помага во заздравувањето на cтapите eмoциoнaлни paни.

Топазот е мошне лековит камен, за кој се верува дека го стимyлиpa мeтaбoлизмот и дигестивниот систем, го регулира пpотoĸот нa ĸpв и ја смирува  напнатоста.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
10 знаци дека сте навистина мрзлива личност Ја одложувате работата постојано и секогаш чекате до последната минута за да ја ...
5 потсетници кои ќе ви помогнат полесно да ги прифатите големите (и неизбежни) животни промени Не заборавајте дека промените ни помагаат да созрееме, но и дека секогаш ни носа...
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
14 навики кои ни даваат сила и енергија во животот Запознаваме нови луѓе. Ги надминуваме своите стравови. Минуваме време со луѓе ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg