5 „незначајни“ детали според кои другите ви го оценуваат карактерот


5 „незначајни“ детали според кои другите ви го оценуваат карактерот

Сите често создаваме некакво мислење за некого според начинот на кој се облекува или неговата фризура.

5-neznacajni-detali-spored-koi-drugite-vi-go-ocenuvaat-karakterot-1.jpg

Меѓутоа ваквото мислење во многу случаи може да биде сосема погрешно.

Првиот впечаток е нешто кое секако го создаваме според изгледот и првиот контакт со личноста, но сепак тој не треба да биде оптоварен со предрасуди.

Ова се само 5 незначајни детали според кои ги оценуваме другите:

1. Бојата на облеката која ја носат

Жолтата боја пренесува енергија, среќа и желба за споделување; црната е знак за чувствителна и затворена личност; црвените нијанси се поврзуваат со цврст карактер додека белата боја се поврзува со чувство за практичност.

5-neznacajni-detali-spored-koi-drugite-vi-go-ocenuvaat-karakterot-2.jpg

2. Бојата и изгледот на обувките

Едно истражување покажало дека можеме да ги откриеме главните карактеристики на луѓето со точност од дури 90% едноставно гледајќи ги нивните обувки.

5-neznacajni-detali-spored-koi-drugite-vi-go-ocenuvaat-karakterot-3.jpg

3. Очите се огледало на душата

Директниот поглед и одржувањето на контакт со очите се поврзуваат со лојалност и доверба, додека отсуството од него често се знак на несигурност и желба да се сокрие нешто.

5-neznacajni-detali-spored-koi-drugite-vi-go-ocenuvaat-karakterot-4.jpg

4. Начинот на ракување

Ракувањето може да каже многу за личноста пред нас. Цврстото ракување се поврзува со доверба и цврст карактер, додека несигурниот стисок е карактеристичен за луѓе кои се чувствуваат неудобно и сакаат нештата да бидат направени на полесниот начин.

5-neznacajni-detali-spored-koi-drugite-vi-go-ocenuvaat-karakterot-5.jpg

5. Нокти - одраз на нашите навики

Едно истражување покажало дека дека луѓето кои ги гризат ноктите не само што се склони кон нервоза, иритабилност и вознемиреност, туку дека тие се и големи перфекционисти. 

Средените нокти зборуваат за тоа колкаво значење му придавате на одобрувањето од другите и колку сте посветени на личната нега.

5-neznacajni-detali-spored-koi-drugite-vi-go-ocenuvaat-karakterot-6.jpg

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вирален хит: Што е чудно на оваа матурска фотка? Прославата на матурската вечер е важен момент од животот на сите млади. Обично с...
Што мислиме, а што кажуваме во секојдневните разговори со другите? Со порастот на популарноста на социјалните мрежи, луѓето како да подзаборавија д...
12 одлики на луѓето со здрава психа Гужва во сообраќајот, случајно истурено кафе од брзање, проблеми во љубовта, про...