Најхуманите спортисти во светот

Во светот има многу луѓе на кои им треба помош и живеат на работ на егзистенцијата, се борат со болести или немаат ни вода за пиење. Од другата страна на контратежата се ултра-богатите бизнисмени, но и популарни личности. Меѓу нив се и спортистите.

najhumanite-sportisti-vo-svetot-001.jpg

Освен што го живеат својот сон и заработуваат милиони, тие се сепак луѓе. А, поголеми луѓе ги прави тоа што се баш луѓе и кон другите, односно, кон оние на кои најмногу им треба човечност и хуманост.

Ова е листата на 6-те најхумани спортисти.

6. Леброн Џејмс

Кралор Џејмс е многу дарежлив.

Тој активно ги поддржува „Boys & Girls Club of America“, организација која се грижи за позитивни вон-наставни содржини за учениците во Америка,  the Children’s Defense Fund – организација која ги застапува правата на децата и врши истражувања за нивните добра и ONEXONE – организација чија филозофија е дека секој живот е важен и се грижи за луѓе кои се на раб на егзистенција.

Неодамна оформи и своја организација LeBron James Foundation, а почна да доделува целосни стипендии на студенти на Акрон Универзитет, универзитет кој запишува студенти од најразлични области, а поврзани со истражувања.

najhumanite-sportisti-02

5. Нејмар

Бразилскиот фудбалер е многу активен во полето на хуманоста.

Учествуваше активно во кампањата на ФИФА против еболата, склопи партнерство со PayPal за да се донесе чиста вода секаде во Бразил преку организацијата Waves for Water и основаше свој институт „Neymar Institute project“ кој е институција која овозможува образование и спорт на децата од Сао Паоло.

najhumanite-sportisti-03

4. Јуна Ким

Оваа корејска лизгачка на мраз и мастер во уметничко лизгање е назначена за Амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ за Олимписките игри 2018-та година.

Поради нејзините бројни активности поврзани со донации на болни деца и потреби на децата, ја доби оваа титула.

najhumanite-sportisti-04

3. Серена Вилијамс

Познатата тенисерка е веќе Амбасадор на добра волја. Нејзината фондација обезбедува стипендии на непривилигираните студенти во Америка.

Работи активно со Фондацијата на Елтон Џон која се бори против сидата и финансира и поддржува многу фондации на познати личности кои делуваат во различни сфери и финансира многу инстутуции од образованието, како и студенти лично.

najhumanite-sportisti-05

2. Џон Цена

Џон лани исполни над 500 желби во Make a wish фондацијата.

Тој исто така го држи и рекордот за најголем број на исполнети желби во една година за оваа фондација, која реализира желби на сериозно болни деца од тешки болести.

Вклучен е со големи суми во Фондацијата Сузан Комен, чија функција е подигање на свеста за рак на дојка.

najhumanite-sportisti-06

1. Кристијано Роналдо

Фудбалерот е на прво место на оваа листа. Последната донација која одекна во медуимите е целосната финансиска покриеност на 10 годишно дете за операција на мозокот од рак која чинеше околу 100.000 долари.

Уште многубројни донации кои и не и се познати на јавноста се негово дело.

Донираше големи суми на пари на центарот за борба со ракот во Португалија, кој и помагаше на неговата мајка во борбата со ракот.

Исто така, беше еден од најактивните членови во кампањата на ФИФА против еболата.

najhumanite-sportisti-07

Л. Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg