Најбизарните авионски несреќи

Некои авионски несреќи се толку бизарни што е тешко да се поверува и дека навистина се случиле...

najbizarnite-avionski-nesrekji-001.jpg

Дали би можеле да замислите дека крокодил ќе биде одговорен за рушењето на цел авион или дека може да се случи да излета ветробранското стакло од пилотската кабина.

Ова се најбизарните авионски несреќи кои се случиле низ светот:

1. Русија 1994 годинa: Пилотот им дал на своите син и ќерка да управуваат со неговиот „Airbus“, загинале 75 лица

Јарослав Кудрински, пилот на „Airbus A310“ им дозволил на своите 11-годишен син и 16-годишна ќерка да управуваат со неговиот авион. И додека управувал синот, случајно бил изгасен автопилотот, што довело до нагло губење од височината, која копилотот не успеал да ја поврати. Детската игра резултирала со смрт на сите 75 лица кои биле на овој лет.

2. Конго, 2010 година: Поради крокодил во кабината, патниците во паника го срушиле авионот

Во 2010 година, на летот од Киншаса до Бандунду, еден од патниците во својата чанта прошверцувал крокодил, кој во текот на летот избегал од чантата. А откако го забележале, испаничените патници побегнале на едниот крај од авионот, што довело до нерамнотежа и пад на авионот. Сите 20 патници и членови на екипажот загинале во падот на тој авион.

3. Пакистан, 2010 година: Ја игнорирал опомената и се забил во планина

Пилотот кој на 28 јуни во 2010 година управувал со „Airbus A321“ на релација Карачи – Исламабад, поради летање на мала височина и лоши временски услови се забил во планина. Пилотот ги игнорирал опомените на автоматските безбедносни системи како и барањата на неговиот копилот за авионот да биде подигнат на поголема височина. Како последица на неговата тврдоглавост, животот го загубиле 146 патници и 6 членови на екипажот.

4. Русија, 2011 година: Пијан копилот на „RusAir“ го забил авионот во земја

Пијаниот копилот на 20 јуни во 2011 година го предизвикал падот на рускиот „Tupolev 134A“ на летот од Москва кон Петрозаводск. Во несреќата загинале 47 патници и членови на екипажот, а на повредите подоцна им подлегнале уште три лица, додека само двајца преживеале.

5. Азербејџан, 1997 година: Пукале во сообраќаен знак и срушиле авион

Во 1997 година, додека се враќале од вежби, неколку азербејџански војници започнале да пукаат на сообраќаен знак. Во тој момент во близина летал авион од типот „Jakovljev 40“ кој превезувал шест патници. Неколку куршуми го погодиле резервоарот за кислород што довело до пожар на леталото кое се срушило и притоа биле усмртени сите шест патници.

6. Тенерифе, 1977 година: Пилотот во магла слетал на „Jumbo Jet“, загинале 538 лица

Во март 1977 година, на Тенерифе дошло до судар на пистата помеѓу два „Boeing 747“ авиони, што резултирало со смрт на 583 патници и членови на екипажот. Со истрагата било утврдено дека речиси сè се одвивало во погрешна насока – од комуникацијата на пилотот со контролата на летање до временските услови.

7. Индија, 2010 година: Пилотот заспал заради што авионот се урнал и загинале повеќе од 150 луѓе

Српскиот пилот Златко Гушица, управувал со „Boeing 737“, летајќи од Дубаи кон Мангалоре. Авионот ја промашил пистата и слетал во провалија длабока 300 метри, која се наоѓала веднаш покрај аеродромот. На летот имало 166 патници и членови на екипажот, а несреќата ја преживеале само осум.

Звучните записи од пилотската кабина забележале скоро два часа звуци на повторливо ’рчење, заради што било утврдено дека пилотот заспал.

8. Велика Британија, 1990 година: Притисокот го исфрлил пилотот од кабина

Во ова несреќа немало настрадани, меѓутоа сепак е една од најбизарните кои се случиле. Летот 5390 требало да биде краток лет од Бирмингем до Малага. Дваесет минути по полетувањето го кренале авионот на правилна висина и вклучиле автопилот. Само што пилотот го откопчал ременот, ветробранското стакло од неговата страна излетало од рамката како резултат на што тој излетал и се нашол залепен ка клунот на авионот. Успеал да се задржи и покрај тоа шт температурата била -17 степени и движењето од 550 km/h.

Кабинскиот персонал помогнал да се задржи пилотот, додека копилотот успешно го приземјил авионот. Подоцна било откриено дека причина за несреќата биле непрописно заменетите шрафови на рамката за стакло.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жените му биле секс робинки, ги жигосувал со неговите иницијали – морничавиот култ на Кит Раниер Криејќи се зад семинари за личен развој, Кит Раниер направил култ во кој ги експ...
Морничаво: Лекари и медицински сестри кои свирепо ги убивале нивните пациенти Ричард Анџело можеби немал да ги убива своите пациенти, но намерно им предизвику...
Детален приказ: Како гледаат луѓето со разни проблеми со видот? Сте се запрашале ли како гледаат луѓето кои имаат глауком или оние со некои видо...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...
Некогаш vs. денес: Колку се промени светот во само неколку години, низ илустрации? Кога бевме мали родителите нè молеа да се прибереме од улица, но сега мајките и ...
Некогаш vs. денес: Како изгледало патувањето со авион пред 100 години? Знаевте ли дека порано било дозволено пушењето во авион? А, знаевте ли и дека бе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg