5 знаци на интелигенција кои не може да се лажираат - ги поседувате ли?

Доколку мислевте дека високиот коефициент на интелигенција и зборувањето повеќе странски јазици се сигурни знаци за интелигенција, не сте биле сосема во право.

5-znaci-na-inteligencija-koi-ne-mozhe-da-se-lazhiraat-gi-imate-li-1.jpg

Научниците открија кои се петте знаци кои со сигурност укажуваат на интелигентна личност. Дел од нив сигурно и ќе ве изненадат:

1. Учите од сопствените грешки

Психолошките истражувања потврдуваат дека паметните луѓе не само што можат да ги препознаат и прифатат своите неуспеси, туку и да научат нешто од нив. Наместо да ги кочат, грешките им служат на интелигентните луѓе како прилика да се развиваат и напредуваат.

2. Читате од забава

Личностите кои се страстни читатели, повеќе од задоволство отколку од активни обиди да трагаат по нови сознанија, се природно поинтелигентни. Според истражувањата, имаат и подобро памтење, комуникациски вештини и концентрација.  

5-znaci-na-inteligencija-koi-ne-mozhe-da-se-lazhiraat-gi-imate-li-3.jpg

3. Можете да се расправате со било кого

Расправата е сигурен знак за интелигенција, но начинот на кој се расправате ве разликува од другите. Поточно, она што ве одредува како интелигентна личност е дали расправата ја водите исклучиво од своја гледна точка, или, пак сте сеопфатни.

4. Мислите пред да проговорите

На интелигентните луѓе мозокот им е побрз од јазикот, а не обратно. Доколку не се брзате со одговорот, туку подразмислите пред да дадете одговор на прашањето, тогаш сте за еден чекор понапред.

5. Не ви е грижа за мислењата на другите

Сериозно интелигентните луѓе не се грижат премногу за мислењето на другите при донесувањето одлуки. Не се грижат за тоа како другите ќе се чувствуваат поради тоа, туку одлучуваат независно од судот на околината.

5-znaci-na-inteligencija-koi-ne-mozhe-da-se-lazhiraat-gi-imate-li-2.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 знаци дека сте навистина мрзлива личност Ја одложувате работата постојано и секогаш чекате до последната минута за да ја ...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Волшебници, астрономи, филозофи, јасновидци - кои биле древните друиди? Друидите биле членови на образована, професионална класа на луѓе меѓу келтските ...
Исчезнати деца, заканувачки телефонски повици: Нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Крис и Лисен од Холандија во 2014-та биле на планинарење во Панама, а оттогаш им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg