Детенце со витилиго ја мразело својата кожа, додека не запознало куче со иста „шара“ како неговата

8-годишно момче со ретко нарушување на изгледот на кожата, односно појава на бели делови на кожата, поминало до другата страна на Арканзас за да се запознае со кучето кое го има истиот изглед на кожата.

najdobri-prijatelcinja-8-godishno-momce-i-kuce-so-vitiligo-01.jpg

И момчето, Картер Бланшард од Серси, и кучето, Рооуди од Орегон, имаат витилиго - ретка болест со непознати причинители која прави клетките кои го содржат пигментот на кожата да се уништат.

Картер бил дијагностициран со витилиго во 2014-та година, уште додека бил во градинка. Првите бели делови на кожата, направиле да ја загуби самодовербата, вели неговата мајка.

„Тој беше во градинка со многу деца кога неговото лице почна брзо да се трансформира. Првите бели делови се појавија околу неговите очи. Тогаш се обидуваше да се соочи со состојбата, заедно со неговите соученици“ - вели Стефани Адкок, мајката на Картер.

najdobri-prijatelcinja-8-godishno-momce-i-kuce-so-vitiligo-1.jpg

„Првото нешто кое ми го кажуваше кога ќе дојдев да го земам од градинка, беше дека си го мрази лицето“ - додава.

Еден ден случајно нашила на вирална сензација - кучето Роуди кое ја имало истата состојба. Картер почнал секојдневно да гледа фотографии и видеа од Роуди и полесно да се соочува со својата состојба.

najdobri-prijatelcinja-8-godishno-momce-i-kuce-so-vitiligo-2.jpg

Наскоро се случил првиот контакт со сопственикот на кучето и Картер и Роуди брзо станале пријатели, па и вирална сензација кога случаен донатор решил да ѝ прати на мајката на Картер $5,000 за да го посетат Роуди и да се запознаат во живо.

Сега тие се најдобри пријатели.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Милионери кои исчезнале под мистериозни околности (и не се најдени до денес) Во 2020-та, богаташката Мелиса од Австралија го напуштила нејзиниот дом во пет ч...
Каква судбина имале децата на најголемите диктатори на светот и дали ги стигнала кармата на нивните ... Синот на Сталин се самоубил, синот на Чаушеску ширел блуд и разврат, а Мусолини ...
Најозлогласените и најмоќните наркобосови во светот (кои ги засенува една жена) Можеби мажите се оние кои доминираат во светот на криминалот, но ниту еден од ни...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Пар наместо дете посвоил возрасна жена со џуџест раст, која сакала да ги убие - Бизарниот случај на ... Кога маж и жена ја посвоиле Наталија Грејс во 2010-та, тие мислеле дека таа е 6-...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg