Психолошки трикови со кои ќе го добиете тоа што го сакате од луѓето

Научете подобар вид на комуникација и додадете доза на манипулација, која и не мора да биде лоша, за да го добиете токму она што го сакате од луѓето.

psiholoski-trikovi-so-koi-ke-go-dobiete-toa-sto-go-sakate-od-lugeto-001.jpg

Ако ништо друго, барем научете да забележите кога следен пат некој ќе ги искористи на вас овие трикови:

1. Бенџамин Френклин ефект - побарајте услуга од некого

Легендата вели дека Бенџамин Фреклин некогаш сакал да придобие човек кој воопшто не го сакал него. Тогаш побарал од човекот да му позајми некоја ретка книга, а кога тој го направил тоа, Бенџамин не знаел како попрво да му се заблагодари.

Како резултат на тоа, човекот што претходно не сакал ниту да го види, сега му станал навистина добар пријател. Научниците велат дека кога некој ќе ви направи лична услуга, ако го прашате на добар начин, тогаш автоматски во неговиот мозок вие станувате личност за која вредело да се направи таа услуга, па затоа таа личност најверојатно ви се допаѓа.

Исто така кога ќе му се заблагодарите подоцна, човекот добива големо чувство на вредност и го сака тоа чувство кое го добил по ваша вина.

2. Целете високо

Кога сакате да побарате нешто од некој што знаете дека е тешко да го добиете, најпрвин целете за нешто поголемо отколку тоа што го сакате. На пример, првиот пат побарајте нешто толку големо, што дури е смешно, за кое секако ќе ве одбијат.

Следниот пат одете со барањето кое сте сакале да го понудите уште првиот пат. На овој начин, личноста од која сте побарале нешто првиот пат, ќе се чувствува лошо дека ве одбила, па затоа следниот пат многу е поверојатно дека ќе го прифати тоа што го барате од неа.

3. Секогаш обраќајте им се на луѓето по нивното име

Дејл Карнаги, авторот на книгата „Како да направите пријатели и да им влијаете на луѓето”, во книгата кажува дека многу е важно да го користите името на луѓето кога им се обраќате. Тој вели дека за секого своето име е најубав звук во светот на јазиците.

Кога луѓето го слушаат нивното име како некој го изговара, тоа им дава вредност и го оправдува нивното постоење. Со самото тоа стануваме позитивно настроени кон личноста која го изговара нашето име. Исто така, авторот вели дека ако на некој му се обраќате со називи како „брат“ или „другар“, по некое време тие ќе почнат да се чувствуваат како навистина да сте другари.

4. Давајте комплименти

Пред да побарате нешто од некого, најпрвин упатете му комплимент. Истото важи и за во писмена форма. Кога пишувате официјален мејл, најпрвин напишете нешто позитивно за личноста или компанијата за која е упатен мејлот.

Секој сака да слушне и да прочита нешто добро за себе. На тој начин луѓето повеќе ќе ве сакаат и со задоволство ќе направат нешто за вас. Но, секогаш трудете се да звучите природно.

5. Не ги поправајте луѓето кога не се во право

Најчесто тоа може само да ви донесе негативни поени кај истите, а тоа е тотално непотребно и може да има само лошо дејство. Ако не се согласувате со некого, почнете културен разговор.

Пробајте да го разберете вашиот соговорник и на љубезен начин да му објасните каде мислите дека греши. Секогаш кога го искажувате вашиот став, кажете го како мислење, а не како факт.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
8 сурови вистини од кои ќе научите многу за животот Ако не се борите за тоа што го сакате, не треба да плачете за тоа што ќе го изгу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg