Сѐ што треба да научите да правите пред да наполните 25 години

Првите две децении од животот најверојатно се најлесни. Деновите поминуваат, а вашите родители уште се тука да се грижат за секоја ваша потреба. 

se-sto-treba-da-znaete-da-napravite-pred-da-napolnite-25-godini-1_copy.jpg

Не се чувствувате доволно возрасно за било какви обврски, сè додека не ви стигне првата сметка која ќе мора сами да ја платите. Овој тежок преоден период од тинејџер во возрасен, кога сè уште сте дете заробено во тело на возрасен човек, им паѓа еднакво тешко на сите.

Иако нема некоја граница за тоа кога точно стануваш возрасен, еве некои работи со кои би требало добро да се снаоѓате на 25 годишна возраст:

Да знаете да зготвите барем еден домашен здрав оброк

Иако најлесно е да седнете со пријателите во ресторан или да нарачате нешто готово, бидејќи готвењето ви е досадно, сепак, да знаете сами да си зготвите убаво јадење е нешто што дефинитивно ќе ви треба да во животот.

Истражувањата покажуваат дека кога готвите дома, јадете помалку и поздраво.

Да си ставите граници на пиењето алкохол

Не изгледа смешно кога сте пијани на 25 години. И главоболката на 18 и на 25, воопшто не е иста. После една ноќ опијанување до бескрај, ќе ви треба дури повеќе и од 1 ден, а и цела недела ќе ви биде непродуктивна ако одите на работа во таква состојба.

Да си го организирате буџетот

Мора сами да се научите да си ставате граница на трошењето. Кога сте помали, можете да се потпрете на родителите и да го потрошите целиот буџет на шопинг во еден ден.

Иако можеби вашите родители сè уште се тука за вас, мора да научите да си ги менаџирате трошоците, бидејќи тоа ќе ви биде многу важна обврска и одговорност понатаму во животот.

Да поправате вообичаени работи по дома

Ова вклучува да знаете да склопите едноставен Ikea мебел, да смените сијалица, да го зашиете копчето од кошулата што ви се скинало, да го проверите маслото во автомобилот, или пак, да закачите една рамка на ѕидот во собата.

Нема подобро чувство од тоа да бидете способни да се грижите самите за себе.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg