Валканите автомобили во Москва се празно платно за руски уметник

Илустраторот Никита Голубев познат под псевдонимот ProBoyNick чекор по чекор ја трансформира Москва во улична галерија со подвижни уметнички дела. Имено, секој нечист валкан автомобил претставува одлична можност за Никита да ја изрази својата креативност и талент.

Valkanite-avtomobili-vo-Moskva-se-prazno-platno-za-ruski-umetnik-01.jpg

Напластената прашина на автомобилите се неговите бои за цртање, а резултатот се неверојатни илустрации на флора, фауна и мотивирачки пораки.

Иако изборот на платно за сликање за Голубев е прилично неконвенционален, неговата работа предизвикува насмевка на минувачите, а сопствениците веројатно ќе се подзамислат пред да ги измијат своите превозни средства.

Голубев е дел од новата генерација улични уметници кои не се плашат да преземаат ризици. Би сакале да видиме нешто слично и на нашите улици:

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Милионери кои исчезнале под мистериозни околности (и не се најдени до денес) Во 2020-та, богаташката Мелиса од Австралија го напуштила нејзиниот дом во пет ч...
Сопруги на познати лидери на култови, кои биле исто злобни колку сопрузите Бони Нетлс беше сопруга на лидерот на култот Heaven’s Gate. Верувала дека комуни...
28 часа бил заглавен наопаку во тесна пештера, телото до денес му е внатре: Трагичната смрт на Амери... Во 2009 година, Џон Едвард Џонс решил да ја истражи пештерата Nutty Putty во САД...
Биле во врска, ладнокрвно убиле две жени: Злосторството на сестрите Папин за кое се зборува и 90 год... Сетрите Папин биле опседнати една со друга, неразделни, никогаш не зборувале, а ...
Методи за спречување на тантруми според возраста: Како да реагирате кога детето има 2, а како кога и... Сите гледаат во вас, а вашето дете вреска и се удира од ѕид. Не грижете се и про...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg