11 проверени трикови и совети за оние кои носат очила

Ако носите очила, често знаете да се соочите со помали или поголеми тешкотии кои не им се познати на луѓето со добар вид.

11-provereni-trikovi-i-soveti-za-onie-koi-nosat-ocila-01.jpg

Пример, како да си ги најдете очилата, како да не ви се замаглуваат.

Токму затоа, следниве совети и трикови ќе ви се најдат:

1. За брзо наоѓање на очилата

Ставете флуоресцентна лента на кутијата каде ги чувате и секогаш ќе ги наоѓате во темница.

11-provereni-trikovi-i-soveti-za-onie-koi-nosat-ocila-1.jpg

2. Триење на стаклата

Очилата никогаш не ги бришете од прашина или замаглување со маицата, туку со микрофибер крпа. На нив се појавуваат микро гребаници кои дополнително го заморуваат очите.

11-provereni-trikovi-i-soveti-za-onie-koi-nosat-ocila-12.jpg

3. За итни случаи кога ги немате очилата

Во итните случаи, кога очилата не ви се достапни, можете да се снајдете и без нив. При миопија, телефонот може да ви помогне подобро да ги видите деталите.

11-provereni-trikovi-i-soveti-za-onie-koi-nosat-ocila-3_copy.jpg

4. Миење на стаклата

Обичниот сјај за миење на садови е одличен и за миење на очилата. Не употребувајте детергенти кои содржат алкохол во нив, оцет, амонијак или избелувач.

11-provereni-trikovi-i-soveti-za-onie-koi-nosat-ocila-4.jpg

5. Точка на одмрзнување

Еден од најголемите проблеми е кога очилата ќе ви се замаглат. За да не се случува тоа, кога одите од студен простор во топол, измијте ги со течен сапун.

11-provereni-trikovi-i-soveti-za-onie-koi-nosat-ocila-5.jpg

6. Чување на маса, не на глава

Очилата не треба да ги користите како венче за косата, бидејќи со текот на времето рамките се деформираат. Кога не ви требаат, најдобро е да ги извадите и поставите затворени на рамна површина.

11-provereni-trikovi-i-soveti-za-onie-koi-nosat-ocila-6.jpg

7. Брзо поправање на очилата

Ако ви отпадне едната рамка, чепкалаката може да биде одлична привремена замена за шрафот.

11-provereni-trikovi-i-soveti-za-onie-koi-nosat-ocila-7.jpg

8. Големина на рамките

Рамките и очилата општо знаете дека не се соодветни кога навалени ви паѓаат или пак, ве стегаат и задаваат благи главоболки.

11-provereni-trikovi-i-soveti-za-onie-koi-nosat-ocila-8.jpg

9. Местење на држачите кај носот

За да ги наместите да бидат еднакви, поставете ги на рамна површина за подобро да гледате дали се еднакви.

11-provereni-trikovi-i-soveti-za-onie-koi-nosat-ocila-9.jpg

10. Облик на очилата

Очилата треба да имаат и соодветен облик, односно во ниту еден случај не треба да покриваат барем дел од вашите очи. Плус, можете и да ги одберете според обликот на лицето.

11-provereni-trikovi-i-soveti-za-onie-koi-nosat-ocila-10.jpg

11. Совет за возачи

Очилата никогаш не ги оставајте на место каде ќе бидат изложени на директна сончева светлина, туку чувајте ги во посебен дел одвоен само за нив.

11-provereni-trikovi-i-soveti-za-onie-koi-nosat-ocila-11.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
7 бон-тон правила за во ресторан и на свечени настани Ако сте на свечен настан со шведска маса, едната рака секогаш нека ви биде слобо...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg