3 работи кои физичкиот изглед ги открива за вас

И во добро и во зло, луѓето едноставно сакаат секогаш да им судат на другите според физичкиот изглед. Така е, зар не?

3-raboti-koi-fizichkiot-izgled-gi-otkriva-za-vas-1.jpg

Сакале ние да го признаеме тоа или не, врз основа на физичките особини и визуелните знаци, однапред создаваме идеи и мислења за туѓите животи и карактери.

Се разбира, ваквите први впечатоци може да се базираат и на најобични стереотипи, па да бидат многу далеку од вистината, а од друга страна, понекогаш се покажуваат како неверојатно точни.

3-raboti-koi-fizichkiot-izgled-gi-otkriva-za-vas-2.jpg

Впрочем, не за џабе се вели дека при запознавањето, првите три секунди се клучни за стекнување на првиот впечаток.

Психологијата одамна докажала дека голем дел од нештата кои сме ги одредиле за личноста, се засноваат исклучиво на нејзиниот изглед, колку и тоа површно да ни делува.

3-raboti-koi-fizichkiot-izgled-gi-otkriva-za-vas-3.jpg

Во продолжение, дознајте кои се трите претпоставки, според кои другите луѓе веројатно носат суд и за вас:

Луѓето ви припишуваат позитивни особини ако сте привлечни

Психолозите откриле дека на физички привлечните особи, луѓето често им припишуваат подобри квалитети, како на пример интелегенција и смисла за хумор. За да нештата бидат уште подобри, исто така, привлечните луѓе почесто заработуваат и повеќе пари.

3-raboti-koi-fizichkiot-izgled-gi-otkriva-za-vas-4.png

Луѓето судат за вашите лидерски способности врз основа на тоа колку сте високи

Двата фактори кои потсвесно ја одредуваат нечија способност за лидерство се: висината и полот. За високите луѓе често се смета дека имаат подобри способности при водството. А, особено кога се работи за високи мажи...

3-raboti-koi-fizichkiot-izgled-gi-otkriva-za-vas-5.jpg

Луѓето претпоставуваат какви ви се социјалните вештини според начинот на кој позирате

Луѓето проценуваат каков тип на личност сте, каква ви е самодовербата и колку сте друштвени, според начинот на кој позирате пред камерите. Овде вреди златното правило – што поопуштено, толку подобро. Кога позирате вкочанети и со класичен став на телото, луѓето претпоставуваат дека имате помалку самодоверба и не сте баш отворени за комуникација.

3-raboti-koi-fizichkiot-izgled-gi-otkriva-za-vas-6.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
5 работи кои често ги купуваме, а кои (реално) не ни се потребни Денес се многу популарни справите за вежбање кои се користат дома. Ги гледа...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
8 сурови вистини од кои ќе научите многу за животот Ако не се борите за тоа што го сакате, не треба да плачете за тоа што ќе го изгу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg