Летање, паѓање: Соништа кои не треба да ги игнорирате

Повеќето луѓе тврдат дека никогаш не можат да се сетат што сонувале. Многумина така и се будат, мислејќи дека не сонувале ништо во текот на вечерта.

letanje-paganje-sonovi-koi-ne-treba-da-gi-ignorirate-001.jpg

Но, тоа никогаш не е точно. Секој сонува навечер, а психолозите тврдат дека соништата може да ги откријат проблемите кои ве мачат свесно или потсвесно.

Затоа, важно е да не ги игнорирате следниве сонови:

1. Летање

Соништата во кои има летање најчесто значат дека треба да работиме на нашата моќ и амбиција. Летањето е тесно поврзано со моќта и влијанието. Па, ако сонувате дека летате, очекувајте да бидете ставени пред сериозни и важни одлуки.

2. Паѓање

Кога имаме чувство дека губиме контрола над некои работи во животот, тогаш најчесто сонуваме дека паѓаме. Ако сонувате дека паѓате, тоа е знак дека ќе треба да се соочите со најголемите стравови и да работите на нив.

3. Вода

Елементот кој најчесто се појавува во соништата, а ја открива вашата емоционална состојба. Ако водата е бистра, емоционално сте урамнотежени. Ако сонувате поплава или бранови, тоа значи вознемиреност. Водопадот пак, е знак за нова прилика и нов почеток.

4. Инсекти

Ако сонувате многу инсекти, тоа е знак за предупредување дека ќе се соочите со многу ситни проблеми. Во превод, време е да почнете да работите на проблемите, не да ги туркате под тепих.

5. Паѓање на заби

Ова е чест кошмар кој значи дека губите контрола и моќ над некои подрачја во животот, а како резултат на тоа ја губите и самодовербата.

6. Смрт

Сонувањето на смрт значи дека се ближи крајот на некој период или некое случување во вашиот живот. Нема простор за паника, тоа не значи крај на животот, туку завршеток на одредена ситуација и најавување на нешто ново.

7. Бременост

Соништата за бременост значат раст и проширување на успесите.

8. Прогонување

Ако некој ве прогонува, тоа никогаш не е добра работа, па дури ни на сон. Лицето кое ве прогонува обично е причината за стравовите или главниот проблем од кој сакате да побегнете и во реалниот живот.

9. Оган

Ако го гледате од далеку, може да значи огромна желба за нешто. Од друга страна, ако си „играте“ со оган, значи дека често се наоѓате во тешки ситуации. Ако пак се обидувате да запалите оган, тогаш најверојатно потискате бес и лутина во реалниот живот.

10. Голотија

Ако сонувате дека сте голи, тоа може да биде знак на недостаток самодоверба и сигурност, посебно ако сонувате дека сте голи на јавно место каде многу луѓе ве гледаат.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg