Совршени сте такви какви што сте
Секој човек на свој начин е неверојатен, но за жал, поголемиот дел од нас тоа воопшто не го сфаќаат.
Наместо тоа, кон себе сме премногу строги и веруваме дека не сме доволно добри за да заслужуваме убав живот.
Посакуваме да бидеме некоја друга личност, носиме маски, ги прикриваме емоциите и мислите...
Но, неверојатни сте токму онакви какви што сте, а ова се 3 знаци кои покажуваат дека тоа е вистина:
Вие сте единствени
Секој на светов е единствен. Секоја личност на Земјата е различна и заради тоа има нешто единствено што може да понуди на светот.
Можеби не сте најубавата или најљубезната личност на светот, но дури и да не сте, сепак сте значајни онакви какви што сте и имате единствени црти кои можете да ги понудите на околината околу себе.
Сте поминале низ тешки мигови
Сигурни сме дека сте поминале низ многу тешки мигови и сте успеале да ги совладате.
Без разлика на тоа колку биле лоши околностите кои сте ги претрпеле во минатото, вие сте докажале дека сте доволно силни и да не се откажете од борбата.
Непрестајно растете
Фактот дека го читате ова е доволен доказ дека постојано сакате да правите работи за подобро да се разберете себеси и светот околу себе.
Сакате да истражувате, да откривате, да ги разбирате работите и така секој дел полека, но сигурно растете и прераснувате во подобра верзија од себе.
Н. Г. | Црнобело