5 типови на токсични пријателки од кои треба веднаш да се ослободите

Понекогаш, потребни ви се години и години за да ја препознаете таквата личност. Поради тоа, направивме список на „отровни“ пријателки кои би требало да ги избегнувате во широки размери, но и совет како да се ослободите од нив, ако веќе се дел од вашиот живот.

5-tipa-na-toksichni-prijatelki-od-koi-treba-vednash-da-se-oslobodite-1_copy_copy.jpg

Пријателството е една од најубавите работи во животот. За разлика од семејството, пријателите сами си ги бираме, а секој сака да биде опкружен со луѓе со кои се чувствува добро.

Но, тоа не секогаш тече така лесно, па често знаеме да се спријателиме и со погрешните луѓе, кои ни носат повеќе штета, отколку корист. Сигурно и самите досега сте имале барем една „токсична“ пријателка, а можеби и сè уште се дружите со неа.

Во продолжение, прочитајте кои се петте типови на токсични пријателки од кои треба да се ослободите:

1. Приграбувачка

Секое вистинско пријателство се темели на меѓусебно делење - добивање и давање. Но, ако вашата пријателка постојано само нешто зема од вас (независно дали е материјално или емоционално), а за возврат не ви пружа баш ништо, тогаш можеби е време да му ставите крај на таквото пријателство.

5-tipa-na-toksichni-prijatelki-od-koi-treba-vednash-da-se-oslobodite-2.jpg

2. Завидлива

Љубомората е нормална работа во било која врска - како во љубовната, така и во пријателската. Но, таа мора да има некои свои граници. Како и сè останато, љубомората во големи количини не е никако здрава, а ако вашата пријателка постојано ви завидува на сè – од облеката до дечкото – тоа значи дека баш и не ѝ е важна вашата среќа, туку попрво би сакала сè тоада го има таа.

Вистинските пријатели ги слават меѓусебните успеси, а оние кои на нив само ви завидуваат, не ви се и никогаш нема да ви бидат пријатели.

5-tipa-na-toksichni-prijatelki-od-koi-treba-vednash-da-se-oslobodite-3.jpg

3. Манипулаторка

Таквата пријателка е можеби и најтешко да ја детектирате, особено од самиот почеток. Кога некој е манипулатор, тоа значи дека е и вешт во тоа да го добие она што сака, без другата личност да знае дека е искористена.

Затоа и луѓето во ваквите пријателства често „заглавуваат“ премногу долго. Но, ваквиот тип на пријателка, сепак може да се препознае по некое време, а дел од карактеристиките кои ја издаваат се зачестените лаги, глумењето жртва, префрлувањето на вината на другите и додворувањето кога и да нешто ѝ треба.

Доколку препознаете макар една своја пријателка со овие карактеристики, тогаш најдобро би ви било што поскоро да побегнете од неа.

5-tipa-na-toksichni-prijatelki-od-koi-treba-vednash-da-se-oslobodite-4.jpg

4. Лажливка

Таа лаже постојано и околу сè, а доколку со вас отворено ги споделува лагите кои им ги „продала“ на другите, тоа не значи дека и кон вас е потполно искрена. Лажливките се исти кон сите, а лагите се и нивна најдобра тактика за стекнување пријатели.

Често се работи за луѓе со ниска самодоверба, кои со лагите се обидуваат да ги импресионираат другите, а таква пријателка не му треба никому.

5-tipa-na-toksichni-prijatelki-od-koi-treba-vednash-da-se-oslobodite-5.jpg

5. Песимистка

Нејзе никогаш ништо не ѝ е добро и постојано на нешто се жали. По дружењето со неа, најчесто се чувствувате многу полошо од претходно, што никако не спаѓа под дефиницијата за пријателството. Нејзините приказни буквално ве заморуваат и ја црпат вашата енергија.

Вашиот позитивен став и совети не допираат до неа, а нејзината негативна енергија со тек на време почнува да преоѓа и на вас. Од таквата пријателка би требало да побегнете што побргу, додека не ве вовлекла во својот депресивен свет, од кој таа, очигледно, веќе не може да се извлече.

5-tipa-na-toksichni-prijatelki-od-koi-treba-vednash-da-se-oslobodite-6_copy.jpg

Како да се ослободите од нив?

За почеток, бирајте ги паметно пријателите, ако можете. Личноста која не ги цени вашите ставови, па само ве критикува и „спушта“, не го заслужува вашето пријателство. Таквите работи не би требало да ги трпи никој од никого, а особено од личностите кои ги нарекувате „пријатели“.

Тие своето однесување ретко го менуваат, но затоа вие секогаш можете да го промените своето и едноставно да им кажете: „Збогум!“

5-tipa-na-toksichni-prijatelki-od-koi-treba-vednash-da-se-oslobodite-7.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg