7 најстари јазици кои сѐ уште се зборуваат во светот

Еволуција на еден јазик е слична на биолошката еволуција, поради тоа не постои посебна концизна точка по која еден јазик се разликува од јазикот кој го наследува.

7-najstari-jazici-koi-se-ushte-se-zboruvaat-vo-svetot-2_copy.jpg

Затоа, невозможно е да се каже дека еден јазик е многу постар од друг. Сите јазици се стари колку и самото човештво.

Сепак, за долунаведените јазици се смета дека се најстари, односно дека имаат нешто античко по што се разликуваат и издвојуваат од останатите.

Хебрејски

Хебрејскиот јазик е специјален случај, бидејќи престанал да се користи за општа употреба од 400-тата година п.н.е. Останал зачуван како литургиски јазик на Евреите во целиот свет. Сепак, со порастот на ционизмот во 19-от и 20-от век, хебрејскиот јазик почнал повторно да заживува, за потоа да стане официјален јазик на Израел.

Иако модерната верзија се разликува од библиската верзија, ќителите чиј што матичен јазик е хебрејски можат целосно да го разберат тоа што е напишано во Стариот Завет и неговите поврзани текстови.

Тамилски

Тамилскиот јазик го зборуваат околу 78 милиони луѓе, а признат е како официјален јазик во Шри Ланка и Сингапур. Тамилскиот е единствен класичен јазик кој ги преживеал сите промени низ историјата сѐ до современиот свет. Овој јазик е дел од Дравидинската фамилија на јазици, која вклучува голем број на мајчини јазици коишто изворно се зборуваат во Јужна и Источна Индија.

Истражувачите откриле натписи на Тамилски јазик кои датираат од третиот век пр.н.е. и јазикот во континуитет се користи од тогаш до денес. За разлика од санскрит, древниот индиски јазик кој прекинал да се користи од 600-тата година п.н.е. и станал литургиски јазик, Тамилскиот јазик продолжил да се развива и е еден од најчесто користените јазици денес.

Литвански

Семејството на јазици во кое припаѓаат повеќето европски јазици е Индо-европската фамилија на јазици, но тие почнале да се разделуваат едни од други, најверојатно околу 3500-тата година пр.н.е. Почнале независно да се равиваат десетина други јазици, како што се Гермаскиот, Италијанскиот и Англискиот јазик, постепено губејќи ги карактеристиките кои ги имале од заедничкиот јазик.

Сепак, еден јазик од Балтичката група на јазици наследил дел од стариот јазик – станува збор за Литванскио јазик. Поради тоа, се смета дека Литванскиот е еден од најстарите јазици во светот.

7-najstari-jazici-koi-se-ushte-se-zboruvaat-vo-svetot-2_copy_copy.jpg

Фарси

Во случај да не сте слушнале за Фарси – тоа е јазикот кој денес го зборуваат жителите на денешен Иран, Авганистан и Таџикистан. Станува збор за јазик кој се зборувал во античката држава Персија. Всушност, Фарси е директен наследник на стариот персиски јазик.

Модерниот персиски јазик потекнува од 800-тата година и една карактерисика која го издвојува од останатите јазици низ светот е тоа што има претрпено мали промени низ годините. Денешните жители кои го употребуваат Фарси јазикот, лесно можат да прочитат персиски текст напишан од 900-та година на сличен начин како што денешните говорители на англиски јазик можат да читаат изворни текстови на Шекспир.

Исландски

Исланд е уште еден индо-европски јазик, овој пат од Северната германската гранка на јазици (само за споредба, англискиот јазик е исто така германски јазик, но од западногерманска гранка). Многу германски јазици се рационализирани и имаат изгубено некои од карактеристиките кои другите индо-европски јазици сѐ уште ги имаат.

Исландскиот јазик се има развиено многу поконзервативно и задржал многу од овие карактеристики. Данското управувањето врз државата Исланд од 14-тиот до 20-тиот век, имал многу мал ефект врз јазикот. Затоа, Исландскиот јазик се смета дека е еден од постарите јазици во светот.

Македонски

Словенското јазично семејство кое вклучува Руски, Полски, Чешки и Хрватски јазик, меѓу другите јазици, е релативно младо. Развојот на јзиците започнува кога Кирил и Методиј прават стандардизација на општословенскиот (познат и како протсловенски) говор и го создаваат т.н. Старословенски јазик. Исто така, тие ја создаваат и азбуката за јазикот.

Во деветтиот век тие почнуваат со описменување на населението на север, истовремено ширејќи го и Христијанството меѓу Словените. Кирил и Методиј доаѓаат од територија која денес е позната под името Македонија. Македонскиот јазик е најтесно поврзан со Старословенскиот јазик и затоа денес се смета за еден од најстарите јазици во светот.

Баскиски

Баскискиот јазик е ултимативна јазична мистерија. Тоа е мајчин јазик на Баскијци кои денес живеат во Шпанија и Франција. Сепак, Баскискиот јазик никако не е поврзан со било кој романски јазик (како што се поврзани фрнацуксиот и шпанксиот јазик), ниту пак со било кој друг јазик во светот.

Лингвистите низ децениите имаат поставено неколку теории за тоа со кој јазик бил поврзан баскискиот, но ниедна теорија не држи вода. Единствено точно е дека јазикот се зборувал во таа територија дури и пред доаѓањето на ромаските јазици – тоа е пред доаѓањето на Римјаните со нивниот Латински јазик, кој потоа се развил на Француски и Шпански јазик.

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жените го имаат главниот збор, мажите го земаат нивното презимe: Интересни факти за племето Кхаси од... Мажот во куќата доаѓа како домазет, целиот имот останува на најмалата ќерка, а а...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Морничави нерешени мистерии од реалноста кои ќе ве држат будни навечер Во 2019-та, Американката Ели Грин дознала дека мајка ѝ починала во психијатриска...
Тешкиот живот на мајката на Џеф Безос – Го родила на 16 години, немала пари Мајката на еден од најбогатите луѓе во светот имала исклучително тежок живот и с...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...
Каква судбина имале децата на најголемите диктатори на светот и дали ги стигнала кармата на нивните ... Синот на Сталин се самоубил, синот на Чаушеску ширел блуд и разврат, а Мусолини ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg