5 знаци кои укажуваат на проблеми со концентрацијата

Многу често луѓето не се ни свесни дека патат од вакво нарушување, односно дефицит на внимание и концентрација.

5-znaci-koi-ukazhuvaat-na-problemi-so-koncentracijata-01.jpg

Тоа го објаснуваат како случајност или последица од динамичниот живот. Но, тоа може да доведе до сериозни проблеми во секојдневието.

Неколку знаци кои укажуваат на ова нарушување:

Проблеми со концентрација

Многу често луѓето со ова нарушување, не се држат до планови и дневна рутина.

Покрај заборавањето работи и недостатокот на организација, уште неколку симптоми:

  • За време на долги разговори или предавања, го губат вниманието и се префрлаат на други работи
  • Дури и во кратки разговори, мислите постојано им летаат
  • Избегнување на задачи кои бараат психички напор и концентрација

5-znaci-koi-ukazhuvaat-na-problemi-so-koncentracijata-02.jpg 

Проблеми со ориентација за време

Способност за издвојување приоритети и одржување константност во активностите, или ориентација за време е често тешка задача за луѓето со дефицит на внимание.

Најчести симптоми:

  • Неорганизираност на работното време, чувство дека немате време за ништо и нема што да направите во врска со тоа
  • Постојано заборавање на состаноци и временски рокови
  • Постојано оддолжување и презакажување на обврските

5-znaci-koi-ukazhuvaat-na-problemi-so-koncentracijata-03.jpg

Немир

Хиперактивноста кај возрасните се појавува многу поретко, но симптоми кои укажуваат на тоа се:

  • Невозможно е седење на едно исто место – постојано шетање низ просторијата
  • Неконтролирани движења или желба за активност, дури и во моменти кога не е пристојно
  • Неспособност да се помине време во читање книги или други активности кои бараат концентрација и седење во место

5-znaci-koi-ukazhuvaat-na-problemi-so-koncentracijata-04.jpg

Постојано зборување

Знаци:

  • Зборување без престан, независно дали соговорникот има желба за разговорот
  • Нетрпеливост, прекинување и вклучување во разговорот додека друг зборува, без да се дочека соговорникот да ја заврши мислата

5-znaci-koi-ukazhuvaat-na-problemi-so-koncentracijata-05.jpg 

Инвазија на приватност

Многу возрасни кои имаат нарушување поврзано со недостиг на внимание, имаат и проблеми со однесувањето, односно често ги игнорираат социјалните „норми“ и прават непромислени постапки, проследени со несоодветни зборови.

Симптоми во оваа категорија:

  • Нарушување на приватноста на другите, како приватни разговори
  • Некои луѓе немаат осет за комуницирање, поставуваат непријатни прашања или изговараат сè што ќе помислат, а потоа жалат.

5-znaci-koi-ukazhuvaat-na-problemi-so-koncentracijata-06.jpg 

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 знаци дека сте навистина мрзлива личност Ја одложувате работата постојано и секогаш чекате до последната минута за да ја ...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
Детален приказ: Како гледаат луѓето со разни проблеми со видот? Сте се запрашале ли како гледаат луѓето кои имаат глауком или оние со некои видо...
6 работи со кои несвесно си наштетуваме (а ги правиме сите) Дали имате навика да го ставате телефонот во предниот џеб од панталоните? Ако ст...
5 знаци дека самите сте виновни што сте несреќни во животот Дали ја запоставувате грижата за себе? А, дали имате навика опсесивно да „скрола...
12 трикови што треба да ги знаете – ќе ви го олеснат секојдневието За да не ви се „распадне“ кашкавалот додека го рендате, прво ставете го во замрз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg