12 навики на луѓето кои најчесто нè иритираат

Секој од нас некогаш бил изнервиран од страна на тотален странец и тоа сосема ненамерно.

11-iritirachki-naviki-shto-lugeto-gi-mrazat-kaj-drugite-luge-01

Повеќето од луѓето што не иритираат не се свесни за работите што ги прават, а нас нė вадат од кожа.

Тие можеби мислат дека таквото однесување е безопасно, но навистина имаат навики кои другите луѓе ги мразат.

12-те најомразени навики се следниве:

Гласно џвакање

Ова е особено иритирачка навика кога сте излезени некаде на јадење. Па кој сака за време на романтичната вечера да го слуша гласното џвакање на типот од соседната маса?

Може дури и да изгубите апетит. Ова важи и за гласното џвакање на гума за џвакање.

Гласно зборување во тивка околина

Ова е некултурно кон другите луѓе, особено што најчесто разговорите се за нешто банално. Секој што зборува толку гласно што ги вознемирува другите и им го нарушува мирот е најлош тип на личност.

Дрско прекинување

Да ве прекине некој е ужасно. Ве иритира, не ве почитува и ви ја сече мислата додека зборувате.

Иритирачко смеење

Знаеме дека не можеме да влијаеме на начинот на кој се смееме, но некои луѓе имаат навистина премногу гласно и иритирачко смеење.

Лажна љубезност

Убаво е да се биде културен и да се поздрават луѓето, но навистина се здодевни оние празни муабети за времето или сообраќајот. Едноставно немаат поента.

Ужасни возачи

Ова е работа која луѓето ја мразат многу, но и самите ја прават. Лошото возење нервира, а е опасно и по животот.

Чуден контакт со очите

Долгото зјапање во некоја личност прави таа да се чувствува некомфорно.

Плукање при зборување

Некои штом отворат уста за да кажат нешто плукаат на сите страни. Ова е навистина одвратно.

Глумење најдобри пријатели

Ако не знаете некој доволно, не му се доближувајте премногу и не отворајте премногу интимни теми со него. Не му се канете сами во животот, тоа нервира.

Лицемерност

Глумењето нема да ве одведе на повисоко ниво во животот. Тоа е навистина забележително.

Кој сака личност што глуми љубезност, а озборува зад грб?

Користење телефон на кино и театар

Треба да се каже нешто повеќе? Вистинско непочитување кон тие што купиле билет за навистина да гледаат филм или претстава. Иритира и светлото од телефонскиот екран.

Чепкање на носот и чешање во јавност

Дури и кога мислите дека никој не гледа, некој секогаш гледа. Оваа одвратна навика говори за вашата некултура.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
8 сурови вистини од кои ќе научите многу за животот Ако не се борите за тоа што го сакате, не треба да плачете за тоа што ќе го изгу...
12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg