5 реченици што сингл девојките не сакаат да ги слушнат

Кога некоја од нашите пријателки е сингл, често знаеме да го потенцираме нејзиниот љубовен статус. Но, со партнер или без, статусот на љубовен план не е толку значаен, па треба да внимавате што кажувате пред сингл девојките.

5-rechenici-shto-singl-devojkite-ne-sakaat-da-gi-slushnat-01.jpg

Ова се неколку реченици кои тие не сакаат да ги слушнат:

„Уф, жал ми е“.

Сингл девојките мразат да се чувствуваат како некој да ги жали или да мисли дека се инфериорни само ако немаат партнер во моментот. Немањето партнер не e толку страшно и може да се смени во секој миг. Пред да почнете да ја тешите, разберете ја.

„Како може уште да си сама?“

Ова е можеби најомразеното прашање што ниту една сингл девојка не го сака. Ако сме изненадени од тоа како една убава и паметна девојка нема момче, тоа може да се сфати како навредливо.

Ако девојката е сама не значи дека нешто не е во ред, исто како што ако е во врска, не значи дека е повредна.

„А, да те запознаам со еден другар/колега/братучед?“

На сингл девојките секогаш се гледа како да се сингл не по сопствен избор. Но, соло животот си има многу предности и некои девојки сами избираат да немаат партнер определено време. Не значи дека треба да имате мисија да ги споите со некој.

Ако сакаат нешто такво, сами ќе ви кажат.

5-rechenici-shto-singl-devojkite-ne-sakaat-da-gi-slushnat-02.jpg

„Сигурно имаш многу слободно време“.

Оваа изјава може да се сфати како „твојот живот е празен и здодевен“, па затоа избегнувајте ја. Сингл девојките имаат исто толку обврски како девојките во врска и не треба да се констатира дека имаат повеќе време.

„Во брак е преубаво“.

Бракот често се идеализира, но во секој брак постојат подеми и падови. Вистинските пријателки ќе им признаат на пријателките без партнер дека не е сè толку розово во брачниот живот.

„Е, затоа си сама!“

Освен ако не сте многу блиски, ова никако не смеете да ѝ го кажете на пријателката што е соло. Никогаш не барајте причина зошто е сама, ниту пак не се трудете да ѝ „помогнете“ со конструктивни критики како да биде подобра и попожелна.

Едноставно, почитувајте ја и разберете го нејзиниот избор.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
7 идеи што да им подарите на луѓето што не можат да си го замислат денот без кафе Од мелница за кафе, до термос за кафе... Постојат повеќе идеи за тоа што би може...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...
Што открива обликот на телото за вашиот карактер? Едни се амбициозни и родени лидери, други се омилени во друштво, а трети - добро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg