5 секси готвачи кои треба да ги заследите на Инстаграм

Тие готват здрави оброци, а богами, изгледаат и повеќе од здраво.

5-seksi-gotvachi-koi-treba-da-gi-zasledite-na-instagram-1.jpg

Петте готвачи, што ќе ви ги откријат најинтересните рецепти за кои можеби никогаш досега не сте чуле, а ќе ви бидат и своевиден празник за очите, кога после напорниот ден ќе ги погледнете нивните Инстаграм профили, се:

1. Franco Noriega (@franconorhal)

Вакво тело не се постигнува со готвење, па нема премногу да ве изненади сознанието дека Франко е поранешен пливач, кој учествувал на Олимписките игри во Атина  во 2004 година. Работел и како модел за кампањите на големи модни брендови, како Dolce & Gabbana и Louis Vuitton.  

Денес е сопственик и готвач во ресторанот Baby Brasa во Њујорк. На неговото мени воглавно се наoѓаат специјалитети од Перуанската брза храна, направени во малку поздрава варијанта.

https://www.instagram.com/p/BVkQoZMAA25/

View this post on Instagram

A post shared by Franco Noriega (@franconorhal)

2. Cesar Casier (@cesar_casier)

Цезар е манекен, чија најголема страст е готвењето. Досега има напишано две мошне успешни кулинарски книги – „Model Kitchen и „Cesar’s Kitchen. Во првата од нив, тој ги промовира своите рецепти за здрави оброци, но дели и корисни совети за исхраната, кои го добил од своите пријателки од светот на модата: Карли Клос, Мила Јововиќ и Лили Доналдсон. Цезар обожува да прави салати, а често на неговиот Инстаграм профил може да видите и фотографии од интересни пици.

https://www.instagram.com/p/BQ-7uXpAZSD/

3. Adam Kenworthy (@adamkenworthy)

Адам работи како сопственик и готвач во Grow Bar, идеално место за уживање во лесната храна во летниот период. На неговите рецепти за здрава храна им се восхитуваат близу 85.000 луѓе на Инстаграм. Покрај тоа што се здрави и вкусни, оброците кои ги подготвува Адам изгледаат навистина божествено, во што може и самите да се уверите на неговиот профил.

https://www.instagram.com/p/BJlzw4PDDPa/

https://www.instagram.com/p/BWbO5UaBOC6/

4. Isaac Carew (@isaaccarew)

Ова момче ја имало таа чест да ги научи тајните на професионалното готвење од Анџела Хартнет, која, пак, нејзините кулинарски вештини ги усовршила кај прочуениот Гордон Ремзи. Како и останатите џентлмени на листата, така и Исак прво бил модел.

Кога му здодеало да се слика и чекори по пистата за модните брендови Hermes, Moschino и Valentino, тој го направил својот YouTube канал The Dirty Dishes, каде може да погледнете како ги прави своите специјалитети, а добрата вест е дека во најава е и неговата прва книга.

https://www.instagram.com/p/BVSdxFXBbEY/

https://www.instagram.com/p/BUtsUAvhhIv/

5. Joe Wicks (@thebodycoach)

Џо е личен тренер, кој во својот фитнес режим, покрај вежби за слабеење и обликување на телото, вклучил и мошне корисни совети за здравата исхрана, поради што на социјалната мрежа Инстаграм го следат нешто помалку од 2 милиони луѓе.

Посебно популарни се неговите видео рецепти #Leanin15, во кои претставува здрави оброци што лесно се припремаат за само 15 минути.

 М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 забавни илустрации кои покажуваат дека со стареењето гледаме поинаку на работите Конечно знаеме како да ги распределиме финансиите, избираме практични подароци, ...
Кој навистина ја измисли Барби – Жената која сакаше девојчињата да имаат кукли со гради или „разврат... Рут Хендлер и Џек Рајан се двете имиња што се спомнуваат како креатори на Барби....
8 секојдневни работи кои ни го празнат паричникот (а за нив има поевтина замена) Салата пакувана во кесичка, памук за чистење шминка, облека за специјални пригод...
Емотивна приказна на мајка од Африка: Ѝ ја украле ќерката 3 дена откако ја родила, ја нашла по 18 го... Само три дена откако Селесте од Јужна Африка се породила, нејзината ќерка била у...
8 типично машки работи кои и жените ги користат со задоволство Широки палта со многу џебови, едноставни машки маички... Знаете ли кои предмети ...
Бизарна приказна: Сите детали за инфлуенсерката што лажела дека има рак на мозок и дека сама го леку... Бел Гибсон е една од првите Инстаграм инфлуенсерки која имаше над 300.000 следбе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg