Сакав да бидам прекрасна и отмена невеста, а направив будала од себеси!

Наместо свадба од соништата, тазе омажена девојка ја прераскажа својата „венчавка од кошмарите“. А, сѐ поради само една и единствена грешка која ѝ го уништила нејзиниот значаен датум.

sakav-da-bidam-prekrasna-i-otmena-nevesta-a-napraviv-budala-od-sebesi-1.jpg

За мноштво жени, свадбата е најважниот, но и највозбудливиот ден во животот. Сепак, за жал, нештата често може да појдат на зло, а грешката да ви се поткрадне таму каде најмалку очекувате.

Тоа најдобро го знае една посрамотена невеста, која искрено и отворено проговори за тоа како самата си ја уништила венчавката, споделувајќи ја својата исповед како поука и предупредување за сите идни невести – да не ја прават истата грешка.

Имено, таа призна дека била толку пијана, што следното утро имала дупки во меморијата за еден од најзначајните настани во својот живот:

„Бев нервозна, живчана и возбудена, а нервите ги лекував со вино, жестоки пијалаци и коктели, чашка по чашка.“

Во нејзиниот случај, главна улога при отворањето на флашите вино имале девериците, кои не само што не ја спречувале да ги испива чашките, туку и ја поттикнувале, бидејќи биле „само за добра забава“, која почнала уште за време на спремањето, па продолжила во текот на целиот ден.

sakav-da-bidam-prekrasna-i-otmena-nevesta-a-napraviv-budala-od-sebesi-2.jpg

А, бидејќи од силните емоции повеќето невести забораваат да јадат, алкохолот имал уште побрзо и полошо дејство:

„Наместо со убави спомени од тој ден, јас се разбудив во собата со најужасниот мамурлак што некогаш сум го имала, без венчалниот прстен на рака, ниту сопругот покрај себе, а со сеќавање само на пијаниот прв танц пред 110 луѓе. Паметам, за да ја надминам тремата, претходно пиев дупли вотки и Кока Кола. Во позадина ја свиреа „Angels“ од Роби Вилијамс, кога со штиклата несмасно го нагазив фустанот и полетавме кон гостите.“

Bo продолжение, се лизнала и паднала повеќепати за време на играњето, пред очите на сите. Потоа, на присутните им одржала непланиран „комичен“ говор, односно компилација од пелтечење, кикотење и мрморење со времетраење од 10 минути.

При крајот од прославата, пак, му ја фрлила свадбената торта на младоженецот во лице, на стотината гости им рекла дека „ги мрази сите до еден“, по што имала жолчна расправија и со свекрвата. Згора на сѐ, повратила врз венчаницата, комплетно уништувајќи го скапиот бел невестински фустан.

sakav-da-bidam-prekrasna-i-otmena-nevesta-a-napraviv-budala-od-sebesi-3.jpg

„Кога се вративме, се скарав со сопругот на првата брачна ноќ, па тој ја помина на каучот, бидејќи не му дозволив да спие покрај мене. Не се сеќавам за што точно, но знам дека врескав, ја извадив бурмата и ја фрлив накај него. Никогаш не сум била толку засрамена. Морав да го молам наредниот ден за прошка. За среќа, не ми се лутеше долго, туку ми помогна да го пронајдеме прстенот, како и да соберам храброст да се соочам со семејството и пријателите, пред кои се изрезилив.“

За крај, им советува на сите идни невести да обрнат внимание на алкохолот, за да не им се случи истото сценарио:

„Сакав да бидам прекрасна, отмена невеста. На крајот, направив будала од себеси.“

sakav-da-bidam-prekrasna-i-otmena-nevesta-a-napraviv-budala-od-sebesi-4.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
Самоубиство, предозирање, убиство: Деца генијалци чии животи завршиле трагично Програмерскиот гениј Арон Шварц изврши самоубиство на само 26 години, додека ист...
Сопруги на познати лидери на култови, кои биле исто злобни колку сопрузите Бони Нетлс беше сопруга на лидерот на култот Heaven’s Gate. Верувала дека комуни...
10-те најстари родилки во светот (некои имаат и над 70 години) Ерамати Мангама е најстарата родилка во светот која доби дете, односно близнаци,...
Тешкиот живот на мајката на Џеф Безос – Го родила на 16 години, немала пари Мајката на еден од најбогатите луѓе во светот имала исклучително тежок живот и с...
Милионери кои исчезнале под мистериозни околности (и не се најдени до денес) Во 2020-та, богаташката Мелиса од Австралија го напуштила нејзиниот дом во пет ч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg