11 работи за кои ќе жалите што не сте ги направиле во 20-тите години

Дваесеттите години од животот се години кога сакаме да бидеме безгрижни и слободни и да уживаме во младоста.

11-raboti-za-koi-kje-zhalite-shto-ne-ste-gi-napravile-vo-20-tite-godini-01.jpg

Секој период од животот си носи свои убавини и предности, но има работи кои во моментот ни изгледаат како да не мора да ги правиме, а всушност подоцна сфаќаме дека сме згрешиле.

Ова е листата на 11 работи за кои повеќето луѓе се каат што не ги направиле во 20-тите години од нивниот живот, па ако сте во тој период, почнете веднаш:

1. Отворете штедна сметка. Можеби имате мала сума во моментот, но подобро нешто, отколку ништо.

2. Охрабрете се и направете го првиот чекор со момчето/девојката што ви се допаѓа.

3. Пијте вода. Многу вода. И вежбајте редовно.

4. Грижете се за кожата на лицето. Првите брчки брзо ќе дојдат.

5. Дајте си време да се снајдете со работа и кариера. Не мора сé да одлучите веднаш.

6. Не пијте толку алкохол. Си наштетувате себеси, а може и да повредите некој друг. Расположете се и без пијачка.

7. Бирајте ги пријателите. Ако не ви се излегува со тоа друштво, не се дружете веќе. Не останувајте со истите луѓе само заради тоа што сте заедно од деца. Во ред е да ви се разидат патиштата.

11-raboti-za-koi-kje-zhalite-shto-ne-ste-gi-napravile-vo-20-tite-godini-02.jpg

8. Победете го стравот и направете нешто што долго време сте сакале, ама сте немале храброст. Никогаш веќе нема да бидете млади и луди.

9. Сакајте си го телото, какво и да е.

10. Следете ги вашите желби и интереси. Дваесеттите години се години кога е дозволено да се експериментира, да се менуваат работни места и да испитате што е она што вистински ве прави среќни.

11. Не „дремете“ толку на интернет. Дефинитивно ќе жалите во иднина за пропуштеното време.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
Девојчињата ги мажат на 13 години, жените немаат никакви права - Бизарните обичаи на народот Масаи Жените во ова племе служат за градење куќи и одгледување деца и стока, кога не с...
Самоубиство, предозирање, убиство: Деца генијалци чии животи завршиле трагично Програмерскиот гениј Арон Шварц изврши самоубиство на само 26 години, додека ист...
5 работи кои често ги купуваме, а кои (реално) не ни се потребни Денес се многу популарни справите за вежбање кои се користат дома. Ги гледа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg