Знаци кои откриваат дека тешко може некој да ве манипулира

Светот понекогаш знае да биде брутален, а намерите на луѓето околу нас не се секогаш чесни. Многумина се обидуваат да стигнат до она што го намислиле преку манипулирање на сите околу нив.

znaci-koi-otkrivaat-deka-teshko-mozhe-nekoj-da-ve-manipulira-01.jpg

Некои паѓаат во таа замка, па лесно стануваат нивна жртва. Но, постојат и такви кои тешко може некој да ги изманипулира.

Ако ги имате следниве карактеристики,  вие спаѓате во групата на луѓе со кои не може никој така лесно да си игра:

Барате почит

Знаете колку вредите и колку почит заслужувате, па секогаш се трудите тоа да го покажете, а не да се повлечете и да стоите на страна. Знаете и во кој миг треба да се конфронтирате, а кога да останете мирни.

Не се плашите да си ги кажете ставовите

Умеете јасно да дадете до знаење што барате и каков став имате за одредена работа. Лесно комуницирате, и со другите, и со самите себе и знаете кога да се спротивставите ако нешто не е во ред.

Не се плашите да кажете „не“

Не ви е страв или незгодно да одбиете негоко за некоја работа која не можете или едноставно не сакате да ја направите. Никој не може да ви врши притисок да прифатите нешто ако тоа не е во склад со вашите ставови и приоритети.

Поставувате граници

Манипулаторите често ги тестираат другите до каде можат да одат. Но, вие јасно и од старт ги поставувате границите и последиците кои можат да настанат ако другите ги поминат вашите граници.

znaci-koi-otkrivaat-deka-teshko-mozhe-nekoj-da-ve-manipulira-02.png

Преземате акција

Манипулаторите бараат пасивни луѓе кои можат лесно да ги контролираат. Но, вие имате точно одредена насока по која се движите и никој не може да ви застане на патот, без разлика со какви препреки се соочувате.

Им се спротивставувате на оние кои се обидуваат да ви наштетат

Знаете да препознаете луѓе и ситуации кои би ви наштетиле, па уште на старт се спротивставувате за да не дојде до проблеми во иднина. Не ви е проблем да го погледнете манипулаторот во очи и да му дадете до знаење дека нема да станете негова мета.

Избегнувате да се обвинувате себеси

Вие не сте од оние со ниска самодоверба и склони кон самосожалување. Стоите исправено пред сите предизвици и знаете да преземете одговорност кога нешто ќе тргне наопаку, наместо да се обвините себеси кога нема да му удоволите на тој што сака да ве манипулира.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 знаци дека сте навистина мрзлива личност Ја одложувате работата постојано и секогаш чекате до последната минута за да ја ...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
Верувате ли дека ангел чувар нѐ следи насекаде? Знаци дека е во близина и ве чува Некои луѓе веруваат дека нивниот ангел чувар е духовно суштество кое работи за н...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Стари македонски имиња за девојчиња со убаво значење Трендовите се менуваат од година во година, но многумина се прашуваат - каде исч...
5 знаци дека самите сте виновни што сте несреќни во животот Дали ја запоставувате грижата за себе? А, дали имате навика опсесивно да „скрола...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg