Дали времето може да се купи со пари?

Во современото живеење, сите се во некаква трка по пари. Се чини дека опседнатоста со пари е болест на денешниот свет.

dali-vremeto-mozhe-da-se-kupi-so-pari-01.png

Токму поради тоа, во светот се спроведуваат многу истражувања кои имаат за цел да докажат дека не е сè во парите.

Научниците од Канадскиот универзитет British Columbia направија истражување во кое целта била да дознаат кои луѓе се посреќни – оние кои сакаат да поседуваат материјални работи или животни искуства.

Резултатите покажале дека испитаниците биле посреќни кога потрошиле 40 долари за некоја услуга поврзана со нивното слободно време, како на пример масажа или вежбање во теретана, отколку кога за истата цена добиле нешто материјално.

Дел од нив изјавиле дека платиле некој друг да им заврши некоја обврска, како на пример косење трева, сè со цел да заштедат на време и да се посветат на нешто што уживаат да го прават.

dali-vremeto-mozhe-da-se-kupi-so-pari-02.jpg

Во друго истражување, пак, спроведено на 6000 испитаници меѓу кои биле и 800 милионери, исто така било поставено прашањето за „купување време“. Скоро една третина од испитаниците одговориле дека секој месец одвојуваат одредена сума на пари за некој друг да им заврши некоја обврска и дека поради тоа се чувствуваат многу посреќно и позадоволно, што значи дека времето дефинитивно може да се купи со пари.

Но, според психолозите, тие пари се добро потрошени, бидејќи за возврат добивате слободно време кое можете да го искористите како што сакате и да уживате во тоа.

По ваквите резултати, навистина вреди да се размисли за важноста на времето и парите и нивната употреба на правилен или погрешен начин.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
5 работи кои често ги купуваме, а кои (реално) не ни се потребни Денес се многу популарни справите за вежбање кои се користат дома. Ги гледа...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
8 работи за кои вреди да дадете повеќе пари, за да заштедите долгорочно На кои работи не треба да штедите кога ги купувате? Погледнете кај кои 8 продукт...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg