Не одите на одмор? 6 идеи со кои ќе си поминете убаво и дома

Ако не успеавте да заштедите за одмор летово или одлучивте да останете дома за слободните денови, нема потреба да очајувате.

ne-odite-na-odmor-6-idei-so-koi-kje-si-pominete-ubavo-i-doma-01.jpg

Знаеме дека море си е море, но сепак можете да си поминете убаво и да се одморите и дома.

Ви предлагаме неколку идеи:

Откажете ги обврските

Ако не сте во друг град или држава, не значи дека сте им достапни на сите во секое време и треба да ги завршите сите можни обврски. Правосмукалката може да почека уште некој ден, мејловите од работа не мора веднаш да ги проверите.

Читајте книга, списанија, поспијте си до подоцна и одморете од секојдневните обврски во работните денови.

Исклучете го мобилниот

Знаеме дека е тешко, но обидете се барем на еден ден или на неколку часа да го исклучите мобилниот. Нека не ви стигнуваат пораки и нотификации нон-стоп.

Посветете се на себеси и правете нешто во кое навистина уживате. Викнете ги пријателите на кафе, направете си вкусен ручек, прошетајте некаде, изборот е ваш.

Одете на пикник

За пикник не се потребни многу пари, па лесно можете да го организирате. Сами или во друштво, направете си сендвичи, кафе или сок и тргнете во потрага по интересно место за пикник.

Убаво е понекогаш наместо во градските кафулиња, да бидете поблиску до природата, особено ако живеете во град.

ne-odite-na-odmor-6-idei-so-koi-kje-si-pominete-ubavo-i-doma-02.jpg

Одете на туристичка прошетка низ градот

Ако некој странец ве праша кои се најважните знаменитости во вашиот град, сигурно за некои од нив ќе се помачите со одговорот.

Постојат места што уште не сме ги виделе или не сме ги доживеале на вистинскиот начин во местата во кои живееме или во нивна непосредна близина, па убаво би било да ги разгледате. Не заборавајте да направите супер фотки.

Ангажирајте некој да ви ги причува децата

Баби, пријатели или дадилка, викнете некој на помош околу децата за да можете и вие малку да одморите. Однесете ги децата кај нив и останете дома сами и во тишина.

Понекогаш ни е потребно некое време да бидеме сами, па дури и без нашите најблиски.

Ден за себе

Посветете го денот на себе - одете на масажа, на шопинг, во кино или каде било каде ќе се почувствувате одморено и опуштено.

Правете некоја активност која навистина ќе ви ги одмори телото и душата, а мозокот исклучете го за да не „прегори“ од напорната работа преку годината.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

22 идеи како да имате совршен неделен ден Одете на бранч со пријателите. Планинарете и уживајте во неверојатните пејзажи.....
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Каква судбина имале децата на најголемите диктатори на светот и дали ги стигнала кармата на нивните ... Синот на Сталин се самоубил, синот на Чаушеску ширел блуд и разврат, а Мусолини ...
Морничава исповед на жена: „Моите родители беа сериски убијци – ја убија и сестра ми“ „Сакав да побегнам од Англија во Австралија, но не ми дозволија влез во државата...
9 работи во домот кои будат носталгија, но сепак е време да ги фрлите Стари тегли во кои вашите баби чувале зимница, весници од пред неколку години, п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg