9 психолошки трикови како да ги привлечете луѓето околу вас

За некои луѓе велиме дека зрачат со шарм и харизма и сите сакаме да сме во нивното опкружување. Неретко сакаме да бидеме како нив и се прашуваме како го постигнуваат ефектот на допадливост?

9-psiholoski-trikovi-kako-da-gi-privlecete-lugjeto-okolu-vas-01.jpg

Имено, постојат многу психолошки трикови со кои полесно ќе го привлечете вниманието на луѓето околу вас.

Нешто е вродено, а нешто се стекнува, па со малку вежбање и овие 9 едноставни трикови ќе забележите вистинска позитивна промена во околината што ве опкружува:

Индивидуален имиџ

За почеток, потребен ви е индивидуален имиџ. Доволен е само еден уникатен детаљ со чија помош ќе се издвоите од топлата. Тоа е она по кое луѓето ќе ве запаметат, дури и оние кои ги запознавате првпат.

Можеби звучи чудно, но уникатноста може да се изрази и преку некоја ваша маана или ранлива страна, односно слаба точка. Без разлика дали ќе се одлучите за некаков гест, фацијална експресија, интонацијата со која зборувате, начинот на комуникација или стилот на облекување, важно е да бидете запаметливи.

Еве некои примери од светот на славните кои си го нашле своето обележје и „скриено оружје“ и кои се поврзуваат со следните карактеристики својствени за нив:

  • Чарли Чаплин – бркови, костум, бастун
  • Тилда Свиндон – без шминка, андроген лик
  • Дита Фон Тис – тенка половина, црвен кармин, ретро изглед
  • Салвадор Дали – ексцентричен, извиени мустаќи
  • Мерилин Монро – платинеста коса, бемка над устата

Сонувајте на големо

Која е суштината на постоењето? Остварување на големи соништа, амбиции, правење некаква разлика со себеси и светот. Борете се за нешто. Дадете сé од себе да ги остварите желбите. Бидејќи човекот без соништа е како книга без идеја. Кој би се мачел да ја прочита?

Бидете самоуверени

За да се биде харизматичен, треба да се биде и самоуверен. Не претерано, бидејќи преголемата самоувереност делува одбивно, фалбаџиски и деструктивно. Но, оној кој самоуверено ги носи одлуките, не чека помош од никого и на прецизен, јасен и неарогантен начин ги пренесува и дели своите идеи со светот, нема да остане незабележано.

Заборавете на жалбите

Кој може да ѝ се восхитува на личноста која постојано се жали за нешто? Харизматичните луѓе се водени од позитивни мисли. Избегнувајте претерано критикување, жалби и негативни, токсични теми и разговори. Никогаш нема да биде сé подредено под конец, но секогаш фокусирајте се и истакнете го прво позитивното во животот.

Употребувајте невербални гестикулации

Нешто се кажува со зборови, а многу повеќе со погледи. Вашите останати невербални гестикулации треба да бидат пристојни, одмерени и сигурни. Заборавете на сите ваши лоши навики и нервозни тикови – тропкање на маса, гризење пенкало или нокти. Гледајте ја личноста директно во очи кога ѝ зборувате, но пријатно, не нападно.

Научете се да раскажувате приказни

Шармантните луѓе имаат една интересна особина како ретко кој  - тие се одлични раскажувачи. Од обична шега умеат да направат виц за прераскажување, од обична приказна – сторија за паметење. „Раскажувањето“ е талент на кој треба да се работи. Внимавајте прераскажувањето да не ви е предолго. Обрнете внимание на деталите. Внесете емоции, останете позитивни и насмеани додека раскажувате нешто. Забавувајте ја публиката.

Не вртете го погледот

Кога разговарате со некого обидете се да не го вртите погледот настрана. Кога разговарате со некого очи в очи покажувате дека сте внимателен и заинтересиран слушател. Дека се интересирате и обрнувате внимание. Додека некој зборува не го прекинувајте додека не се доискаже. Кога сте во друштво одбегнувајте да скролате на мобилниот телефон.

Делува плитко и некултурно, како да не ви е гајле дали сте или не сте таму, како и за луѓето околу вас.

Научете се да ги слушате другите

Кога покажувате искрен интерес за животите на другите и ги сослушувате, вашата „цена“ расте во нивните очи. Шармантните и позитивните луѓе им оставаат подеднакво простор на другите колку што земале за себе.

При запознавањето нови луѓе, обидете се барем да го запомните нивното име и минимум еден интересен детаљ поврзан за нив. Луѓето особено ги ценат малите нешта.

Вежбајте пред огледало

Веројатно ви звучи налудничаво. Да се биде допадлив не значи дека треба да се глуми или да вежбате цели „кореографии“ за да задоволите нечии туѓи очекувања. Треба да бидете оние кои сте.

Сепак, доколку имате иритирачка смеа или насмевка, или можеби чудна фацијална експресија како превртување очи, потрудете се да ја правите што е можно поретко.

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...
8 сурови вистини од кои ќе научите многу за животот Ако не се борите за тоа што го сакате, не треба да плачете за тоа што ќе го изгу...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg