Зошто работењето во канцеларија предизвикува дебелеење?

Многу луѓе чија работа бара седење пред компјутер во иста положба цел ден, порано или подоцна се соочуваат со качување на килажа.

5-prichini-poradi-koi-se-debeleete-na-rabotnoto-mesto-i-kako-da-go-sprechite-toa-01.jpg

Повеќето се свесни за тоа бидејќи ако 8 часа на ден седите во една положба и немате никаква физичка активност потоа, нормално е да очекувате дебелеење.

Ако досега сте ги занемарувале фактите, сега ќе се уверите кои се причините поради кои тоа се случува.

Проверете во колку ќе се пронајдете:

Ручек и непланирани оброци

Роденден на колега, или некој донел нешто од дома што зготвил, а вие секако мора да пробате од сѐ за да не ги навредите соработниците. А тоа секако значи неколку грама повеќе секојдневно.

Решение: Кога ја гледаме храната пред нас, сите јадеме повеќе. Подобро е да ги тргнете грицките или слатките од пред вас и културно да ги одбиете колегите ако не сте гладни. А на прославите, доволно е само малку да пробате од нешто.

5-prichini-poradi-koi-se-debeleete-na-rabotnoto-mesto-i-kako-da-go-sprechite-toa-02.jpg

Не обрнувате внимание што јадете

Наутро седнувате и појадувате нешто здраво што ќе си го купите или сте си го подготвиле од дома. Но, додека дојде ручек време, сфаќате дека многу сте работеле и сакате да се почестите со нешто, па нарачувате со колегите брза храна и си велите дека од утре сте на диета. Познато?

Решение: Водете си евиденција за храната која ја јадете. Запишувајте си ги оброците и планирајте ги однапред. Избегнувајте ги грицките и нездравите ужини. Ако знаете дека брзо огладнувате, земете си повеќе од здравата храна, не гладувајте.

5-prichini-poradi-koi-se-debeleete-na-rabotnoto-mesto-i-kako-da-go-sprechite-toa-03.jpg

Немате доволно светлина и канцеларијата е преладна

Според истражувањата ако немате доволно светлина во работната околина, потребата за јадење е поголема отколку во светла средина. Истото се случува и кога на телото му е поладно отколку што е нормално.

Решение: Поминувајте повеќе време на сонце. Излегувајте на паузи и прошетајте, а во канцеларија обидете се колку што е можно повеќе да ја осветлите просторијата. Во случај на студ, носете си нешто за наметнување.

5-prichini-poradi-koi-se-debeleete-na-rabotnoto-mesto-i-kako-da-go-sprechite-toa-04.jpg

Премногу работа

Постојаното размислување и работење ја зголемува нашата тежина од 2 причини. Првата е бидејќи немате слободно време да се посветите на физички активности заради обврските и уморот. Второто е поради недостаток на сон. Овие работи водат до зголемен апетит, без губење калории.

Решение: Зголемете ја вашата активност – не одете со лифт, одете по скали, пешачете до работа наместо да одите со автомобил или јавен превоз. И секако, не заборавајте дека доколку не е неопходно, не треба да останувате до доцна бидејќи треба да бидете наспани. Вежбањето помага за полесен сон.

5-prichini-poradi-koi-se-debeleete-na-rabotnoto-mesto-i-kako-da-go-sprechite-toa-05.jpg

Стрес и крајни рокови кои ја тестираат силата на вашиот нервен систем

Понекогаш работата не оди лесно и постојано сме нервозни и под притисок, а тоа нѐ тера да јадеме повеќе од нормалното (некои луѓе таму го наоѓаат спасот). Исто така телото ни бара повеќе храна поради шеќерите и мастите кои се потребни при справувањето со стресот.

Решение: Повторно, како што веќе ви е познато, решението е во физичката активност и доволниот сон. И запомнете дека храната не е решение на проблемите. Најдете начини да се релаксирате и опуштите, а не да јадете уште повеќе.

5-prichini-poradi-koi-se-debeleete-na-rabotnoto-mesto-i-kako-da-go-sprechite-toa-06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
7 бон-тон правила за во ресторан и на свечени настани Ако сте на свечен настан со шведска маса, едната рака секогаш нека ви биде слобо...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg