Биро, гаража, плакар - Што кажува за вас несредениот дел од домот?

 Факт е дека модерното живеење не остава многу време за секојдневно средување на домот.

nostalgicharite-imaat-nesreden-plakar-vo-koj-del-od-kukjata-gi-trupate-rabotite-01.png

Колку и да не сакаме да си признаеме, сите понекогаш знаеме да ја „пикнеме“ растурената облека набрзина во плакарот бидејќи немаме време. Или ако ни дојдат ненајавени гости, валканите садови во кујната само ќе ги фрлиме во машината за миење, а после ќе ги распоредуваме.

Некои домови со тек на време стануваат премногу натрупани, и тоа во различни простории. Некому подрумот му служи за чување на спомените, некому плакарот.

Но, колку и да не верувате, делот од домот во кој најмногу ги „трупате“ работите открива дел од вашиот карактер.

Во продолжение прочитајте на кој начин:

Несреден плакар – Носталгија

Ако плакарот секогаш ви е во невиден хаос, ништо не знаете каде стои и цела растурена облека само ја „туркате“ внатре, вие сте носталгични личности кои често мислат на минатото.

Сакате да гледате стари фотографии и постојано се потсетувате на убави спомени од некои среќни времиња.

Несредено биро – Одлагање

Никако не наоѓате време да го средите бирото? Таму може да се најдат купишта листови, пенкалца, сметки, писма и што уште не.

Ова е знак дека постојано ги одлагате работите во животот. Не сакате да се соочите со проблемите во сегашниот момент и за вас секогаш постои опцијата „утре ќе го направам тоа“.

nostalgicharite-imaat-nesreden-plakar-vo-koj-del-od-kukjata-gi-trupate-rabotite-02.jpg

Несреден автомобил – Незадоволство

Сакате да го трупате личниот простор со непотребни работи бидејќи се чувствувате незадоволни од тоа во која насока ви тргнал животот и не знаете како да излезете од таа ситуација.

Одлагате да донесувате важни одлуки и чекате работите да се решат сами од себе.

Несредена гаража – Избегнување

Кутиите и работите натрупани во гаражата полека стануваат нормален дел од секојдневието за вас.  Немате мотив ни волја да промените нешто. Едноставно, пасивни сте во сите аспекти и ви одговара што е тоа така.

Но, морате да најдете ментална сила за да си го поедноставите секојдневието.

nostalgicharite-imaat-nesreden-plakar-vo-koj-del-od-kukjata-gi-trupate-rabotite-03.jpg

Несреден подрум – Чувство на вина

Подрумот е стандардно место за чување на секакви работи, од алати, до работи кои ги чувате за секој случај, а никогаш нема да ви притребаат.

Некои психолози го поврзуваат ова со чувство на вина за нешто што се случило, како и емотивен багаж кој го носите со себе и одбивате да се ослободите од тоа што ве влече надолу. Охрабрете се и одредете ден кога ќе ги исфрлите непотребните работи.  

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Стари верувања дека некој „фрлил клетва“ на вашата куќа: Лоша среќа, наоѓање чудни предмети Во народот од колено на колено се пренесуваат разни верувања и суеверија. Кои се...
5 знаци дека самите сте виновни што сте несреќни во животот Дали ја запоставувате грижата за себе? А, дали имате навика опсесивно да „скрола...
Трикови за да откриете дали накитот што го купувате е вистински или копија? Знаете ли дека вистинските бисери имаат рапава површина, а не мазна и дека траги...
Морничавата приказна за „најопседнатата“ куќа во Лондон - Полицајци гледале како се движат предмети „Во собата почнаа да летаат предмети насекаде. Јас стоев во аголот и гледав прек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg