14 причини зошто училиштата во Финска се најдобри во светот

Дојде и првиот училиштен ден, а радоста кај оние кои за прв пат стапнуваат во училишните клупи е најголема. Според истражувањата, финските ученици се вбројуваат меѓу најдобрите во светски рамки.

14-pricini-zosto-ucilistata-vo-finska-se-najdobrit-vo-svetot-01.jpg

Бидејќи во просек поминуваат многу помалку време во училиште за разлика од другите националности, а за пишување домашна им се потребни максимум 30 минути дневно, нормално е да се запрашаме – како тогаш финските ученици постигнуваат толку голем успех?

Дознајте кои се тајните на образовниот систем во Финска и зошто дечињата се на врвот на најуспешни ученици:

Сè е бесплатно

Финското образование е целосно бесплатно. Сите пропратни работи поврзани со училиштето се исто така бесплатни, како ручеците и ужинките, екскурзиите, како и сите потребни училишни помагала.

Доколку ученикот живее на поголема оддалеченост од 2 km од училиштето, обезбеден е специјален автобус со бесплатен превоз во двата правци. Сите овие трошоци се покриени од страна на државата. Повеќе од 12,2% од вкупниот буџет е наменет за образовни цели.

Индивидуален пристап кон секој ученик

Интересно и за аплауз е фактот што во Финска ученици со различни физички и ментални способности учат заедно. Доколку детето има проблем да следи одредени делови од наставата, наставниците организираат дополнителни индивидуални часови. Постојат и дополнителни предмети, како на пример часови по мајчините јазици на децата од други националности.

Во Финска наставниот кадар верува дека секој ученик може самостојно да си одбере активност. Согласно ова, доколку ученикот не е заинтересиран за лекцијата којашто се предава, може да чита книга, или да изработува нешто креативно со рацете.

14-pricini-zosto-ucilistata-vo-finska-se-najdobrit-vo-svetot-02.jpg

Оценките им се соопштуваат само на учениците

Начинот на бодување на успехот на учениците во Финска има 10 поени. Сепак, овие не се доделуваат до 3-то одделение. Од 3-то до 7-мо одделение наставниците употребуваат најмногу описни оценувања од типот: „Може многу подобро“, па сè до „Одлично“.

Само учениците ги знаат нивните описни оценувања или бодувањата. Ваквите забелешки служат само да ги мотивираат децата со цел да го усовршт знаењето и да направат корекција на нивниот индивидуален образовен план и развој.

Може да дојдат на училиште во пижами

Не постојат униформи во финските училишта. Децата може да дојдат облечени онака како што сакаат. Речиси и да не постојат ограничувања во поглед на кодексот на облекување. Често пати може да се видат ученици во пижами, или само по чорапчиња, без чевли. Удобноста пред сè друго.

14-pricini-zosto-ucilistata-vo-finska-se-najdobrit-vo-svetot-03.jpg

За време на предавањата, децата може да седат во позиција како што им е удобно

Учениците не мора да седат во училишните клупи, односно на столчињата по секоја цена. Доколку им е поудобно да ја слушаат наставата седнати на софата или на тепихот, односно подот, тоа е доволено.

Кога временските услови го дозволуваат тоа, наставата се одржува надвор во природа седнати на трева или на специјални клупи поставени во облик на амфитеатар.

14-pricini-zosto-ucilistata-vo-finska-se-najdobrit-vo-svetot-04.jpg

Пишуваат малку домашни задачи

Наставниците во Финска веруваат дека детето дома треба да се одмори и да се дружи со семејството и пријателите. Домашната задача одзема многу малку време, од 15-30 минути дневно  и најчесто е интересна. На пример, домашната по историја може да опфаќа задача во која детето ќе ја праша бабата за животот во минатото, односно во нејзиното време, со цел да направи разлика со денешното, модерно време во кое живееме.

Не постојат писмени задачи и тестови

Образовниот систем во Финска се води по мотото дека еден човек треба да биде подготвен или за живот или за тестови, а тие очигледно го избрале првото.

Токму поради тоа нема простор за писмени, класични испрашувања и тестови. Постои само еден стандардизиран тест кој секој ученик го полага на 16 години кога го завршува средното училиште.

14-pricini-zosto-ucilistata-vo-finska-se-najdobrit-vo-svetot-05.jpg

Во некои училишта сите предмети се укинати

Што значи ова? Една од новите насоки со кои се занимава финскиот образовен систем е укинување на сите стандардни предмети и започнување на нов образовен правец, наречен „Учење на база на феномени“.

Наместо класични лекции и предмети, постојат 6-неделни предавања каде што учениците истражуваат една тема од неколку различни аспекти. На пример, мигрантите од географски аспект (од каде доаѓаа), историски (од каде потекнуваат), културолошки (какви традиции негувале во матичната земја).

Децата ги поставуваат прашањата, а истовремено самите пронаоѓаат и одговори преку низа дискусии.

Имаат најмногу паузи помеѓу часовите

Колку и да се интересни некои предавања, за дечињата најинтересни се одморите, односно паузите меѓу часовите. После 45-минутен час, децата во Финска имаат одмор од 15 минути.

14-pricini-zosto-ucilistata-vo-finska-se-najdobrit-vo-svetot-06.jpg

Наставниците во Финска се прилично кул

Просечната плата на наставник во Финска изнесува околу 3.500 евра месечно. Да се биде наставник во училиште е прилично престижна професија и за неа „се тепаат“ 10 пати повеќе отколку за која било друга работна позиција.

Не постои стриктна програма во наставниот план во Финска. Секој наставник самостојно решава каков наставен план ќе спроведе и кои книги ќе си читаат учениците.

Покрај наставникот постои и специјален асистент за време на часовите кој ги насочува и им помага на учениците.

Учениците ги учат само оние работи кои ќе им бидат потребни во животот

На часовите за пливање, учениците се учат да ги препознаат сигналите доколку некој се дави во водата. На часовите по домаќинство децата се учат како да готват, плетат и шијат.

Многу внимание се посветува кон грижата и негата на природата, односно животната средина.

Финските ученици многу лесно може да си направат свое резиме, портфолио или сопствен веб сајт.

Во Финска веруваат дека секој ученик треба да е подготвен за предизвиците на животот. Тоа подразбира дека нема потреба од „бубање“ односно учење податоци напамет, бидејќи зошто го имаме тогаш Интернетот?

14-pricini-zosto-ucilistata-vo-finska-se-najdobrit-vo-svetot-08.jpg

Сите училишта се подеднакво добри

Родителите нема потреба да се мислат каде да го запишат своето дете, бидејќи не постојат елитни, подобри или полоши училишта. Сите се на едно исто ниво, а принципот на запишување е вообичаено според тоа кое училиште е најблиску до дома.

Каде и да живее ученикот, во секое училиште ќе го добие истото квалитетно образование, сите работи кои му следуваат, како и одлучна храна.

Децата сами одлучуваат што ќе ручаат

Храната во училиштата во Финска е обилна и разновидна. Менито се објавува на официјалната веб страница на училиштето едне месец порано, со цел учениците да го прегледаат и да се изјаснат што би сакале најмногу да јадат.

Застапени се сите групи на храна, и нормално достапна е и вегетаријанска верзија на оброците.

14-pricini-zosto-ucilistata-vo-finska-se-najdobrit-vo-svetot-09.jpg

Пижама-забавите со спиење се одржуваат во училиштата

Понекогаш децата со себе ги носат своите вреќи за спиење и остануваат да преноќат со другарчињата и наставниците. Гледаат филмови заедно, си играат, а најчесто спијат во фискултурната сала. Наутро појадуваат и јадат сладолед.


Кој не би сакал да оди на училиште во Финска? Дури и ние би сакале да го вратиме времето назад и повторно да сме ученици. Можеби ќе украдеме некој позитивен пример од финскиот образовен систем и ќе го смениме малку нашиот наставен план.

(O) Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...
Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот За разлика од новите генерации кои користат паметни табли и голем број надредни ...
8 типично машки работи кои и жените ги користат со задоволство Широки палта со многу џебови, едноставни машки маички... Знаете ли кои предмети ...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg