11 докажани начини на кои ќе се чувствувате попривлечно

Ретко кој се чувствува привлечен 100% од времето. Дури и најубавите и најуспешните луѓе имаат моменти на несигурност и слабост.

11-dokazani-nacini-na-koi-ke-se-cuvstvuvate-poprivlecno-001.jpg

Но, ако ги знаете вистинските начини за јакнење на самодовербата, секогаш ќе зрачите привлечност.

Почнете со ред:

Облечете спортска облека и испотете се

Докажано е дека покрај тоа што вежбањето физички ја подобрува состојбата на телото, хормоните кои се лачат и агресијата која ја исфрлате, прават да се чувствувате повозбудливо и самоуверено.

Делете комплименти

Делењето на љубов и убави зборови докажано ве прави вам поубави, а и другите посреќни.

Насмевнете се

Не е тајна дека насмевката делува топло и пријателски, што им помага на другите да ве перципираат како попривлечни. Интересно е што доколку се насмевнете и самите на себе, самодовербата автоматски расте.

Кажете си неколку зборови за охрабрување

Не е лошо одвреме навреме да си подготвите краток говор за себе-охрабрување. Фокусирајте се на доброто во вашиот живот и потенцирајте го она за што ве бива. Експериментите покажуваат дека доколку човекот сам на себе си дава признанија и внимание, стекнува уште подобри вештини.

Не си правете самите саботажи

Ако имате негативни изјави за себе, нормално дека тие ќе ви ја намалат самодовербата и со тоа привлечноста.

Проучете ги врските со луѓето околу вас

Токсичните врски во животот, семејни, пријателски, деловни или љубовни, и тоа како влијаат на вашата привлечност.

Зајакнете ја смислата за хумор

Нормално е да бидете несовршени, но многу поважно е да не го сфаќате животот претерано сериозно. Шегите ја прекриваат секоја несовршеност.

Имајте секс

Сексот е одличен за вашата самодоверба и начинот на кој другите ве гледаат. Докажано е дека после секс испуштате феромони кои ги привлекуваат другите.

Лажирајте додека не успеете

Најлесниот начин да бидете самоуверени? Глумете дека сте. Контактот со очите, говорот на телото и насмевката се најлесниот начин самите да се „прелажете“.

Облечете нешто црвено

Докажано е дека црвената боја без сомнение го привлекува туѓиот поглед. Никој не може да игнорира жена во црвен фустан или маж со некој црвен аксесоар. Со добра причина црвената боја е симбол на страст, моќ и сензуалност.

Стојте исправено

Добриот став на телото покрај тоа што прави да се чувствувате убаво, прави да изгледате прекрасно. Докажано е дека луѓето кои стојат подгрбавено патат од недостаток на самодоверба, па затоа се перципирани како помалку привлечни. Исправете се!

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
8 совети да позирате како модел (и да немате здодевни Инстаграм фотки) Ви се случило ли да ја уништите совршената фотографија поради гримаса? Или лоша ...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
5 знаци дека самите сте виновни што сте несреќни во животот Дали ја запоставувате грижата за себе? А, дали имате навика опсесивно да „скрола...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg