22-годишна сурферка стана интернет сензација со извонредниот начин на живот

Нејзиниот Инстаграм мами воздишки на првото отворање, па не е ниту чудно што има повеќе од 72.000 следбеници.

22 godishna surferka stana internet senzacija so izvoneredniot nachin na zivot foto 01

Лаура Крејн е 22-годишна Британка, која во Португалија го живее својот сон. Таа е професионален сурфер, модел и Инстаграм ѕвезда. Пријатната клима, одличните бранови и бескрајните плажи ја направија Португалија совршен дом за оваа млада ентузијастка.

Лаура досега била дел од многу натпреварувања на национално, но и глобално ниво, а со помош на рекламирањето на различни брендови преку својот Инстаграм профил успева да се финансира и сурфањето да остане нејзин главен приоритет.

Таа на 11 години за првпат започнала да учи да сурфа со својот татко, а на 13-годишна возраст веќе се натпреварувала на локално ниво. На 14 години станала британски шампион.

Своите патувањата ги документира со прекрасни фотографии на социјалните мрежи. Живее во рибарското селце Ericeira, на 30 километри од Лисабон, кое е познато по магичните плажи, одличната морска храна и со право го носи епитетот „рај за сурфери“.

Дека сурфањето е нејзината најголема страст докажува и нејзината изјава: „Сите сме тука поради истата причина, не затоа што сакаме луда забава со тони алкохол, туку за да сурфаме.“

Ѕирнете во извонредниот начин на живот на младата Лаура:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Самоубиство, предозирање, убиство: Деца генијалци чии животи завршиле трагично Програмерскиот гениј Арон Шварц изврши самоубиство на само 26 години, додека ист...
10-те најстари родилки во светот (некои имаат и над 70 години) Ерамати Мангама е најстарата родилка во светот која доби дете, односно близнаци,...
Пар наместо дете посвоил возрасна жена со џуџест раст, која сакала да ги убие - Бизарниот случај на ... Кога маж и жена ја посвоиле Наталија Грејс во 2010-та, тие мислеле дека таа е 6-...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg