9 секојдневни навики кои ви ја нарушуваат самодовербата

Вербата во себе е една од најзначајните работи за сите луѓе. Без разлика дали родителите ве научиле на оваа особина, или самите сте се потрудиле и сè уште се трудите, самодовербата е нешто на кое цел живот треба да работите.

9-sekojdnevni-naviki-koi-vi-ja-narushuvaat-samodoverbata-01.jpg

Сè почнува од тоа како самите се гледаме себеси, па лошото мислење за себе може да ни донесе многу проблеми во животот.

Во денешно време, многу е лесно да се наруши самодовербата, а честопати ни сами не сме свесни дека некоја наша навика влијае на тоа да се чувствуваме лошо во врска со себеси.

Прочитајте кои работи ја нарушуваат самодовербата и треба да престанете да ги правите веднаш:

1. Бескрајно „скролање“ низ Инстаграм или другите социјални мрежи и споредување со животот на другите.

2. Осудување на нечии постапки или животни избори само затоа што не се слични на нашите

3. Озборување на колегите/познаниците/роднините зад грб.

4. Вложување огромен труд да направиме совршена фотка за нашите профили на социјалните мрежи која ќе им се допадне на другите.

5. Посветено поголемо внимание на луѓе кои не ги познавате, отколку на оние кои ви се најблиски.

6. Секојдневни обиди сите да ве сакаат и на сите да им се допаѓате.

9-sekojdnevni-naviki-koi-vi-ja-narushuvaat-samodoverbata-002.jpg

7. Гледање во телефонот веднаш штом се разбудите и навечер пред да заспиете.

8. Споредување и нереално идеализирање на животот на познатите личности или луѓе кои не ги познавате, а ги сметате за идоли.

9. Размислување премногу за ситници и планирање на сите моменти до најситен детаљ.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 навики кои ни даваат сила и енергија во животот Запознаваме нови луѓе. Ги надминуваме своите стравови. Минуваме време со луѓе ко...
14 наши навики кои прават да бидеме несреќна и огорчена личност Кажуваме „да“, кога сакаме да кажеме „не“. Трпиме многу, а потоа се прашуваме зо...
7 работи кои родителите треба да му ги кажуваат на своето дете (за тоа да израсне во самоуверена лич... Кажете му: „Верувам во тебе“ или „Знам дека можеш“. Чувството што секое дет...
8 искрени и моќни пораки кои ќе ви ја зголемат самодовербата Никогаш нема да се излечите и да бидете добри ако не престанете да се залажувате...
12 вежби за да си ја зголемите самодовербата (и да се фокусирате на позитивните аспекти од животот) Секое утро замислете се себеси како личност која е успешна, дарежлива, која мирн...
Лоши навики со кои ги оттргнувате луѓето од вас (и ќе останете без пријатели) Откажувате планови во последен момент, ги бомбардирате со пораки, ги прекинувате...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg