9 трикови со кои продавниците нè тераат да трошиме повеќе

Колку пати сте влегле во продавница по една работа, а сте излегле со 3 кеси и минимум 10 работи во нив кои не ви биле на списокот? Одговорот е многу често, јасно ни е.

9-trikovi-so-koi-prodavnicite-ne-teraat-da-trosime-poveke-001.jpg

Но, зошто? Што е тоа што „магично“ ве тера да ги трошите парите на работи кои не ви се неопходни?

Веројатно некој од овие 9 трикови:

1. Ситници на каса

Излезите на касата се намерно тесни и полни со секакви ситници, за времето додека чекате да дојдете на ред да го „искористите“ за разгледување и докупување работи кои инаку не ви требаат.

9-trikovi-so-koi-prodavnicite-ne-teraat-da-trosime-poveke-01.jpg

2. Одмор без реален одмор

Во рестораните во трговските центри намерно има мал простор помеѓу масите и неудобен мебел. Гужвите кои се создаваат и неудобните столчиња ве тераат да се најадете на брзина, без да им заземате простор непотребно.

9-trikovi-so-koi-prodavnicite-ne-teraat-da-trosime-poveke-02.jpg

3. Нема прозорци и часовници

На овој начин продавниците ве тераат да заборавите на реалноста и да се загубите временски. А, колку повеќе време поминувате внатре, за нив тоа значи пари.

9-trikovi-so-koi-prodavnicite-ne-teraat-da-trosime-poveke-03.jpg

4. Удобни продавници

Пријатна музика, пријатно осветлување и прегледно наредени рафтови се она со што продавниците визуелно ве прелажуваат за да останете подолго.

9-trikovi-so-koi-prodavnicite-ne-teraat-da-trosime-poveke-04.jpg

5. Магични огледала

Во гардеробите намерно има осветлување кое ви го затемнува тенот, огледало кое ви ги издолжува нозете и придушено светло под кое сè изгледа совршено. Затоа кога ќе се вратите дома фустанот не ви стои идентично.

9-trikovi-so-koi-prodavnicite-ne-teraat-da-trosime-poveke-05.jpg

6. Релокација на продукти

Ако одреден продукт стои на одредено место подолг период, а потоа биде преместен, логично дека купувачот ќе го сврти цел маркет за да го пронајде. Така попатно ќе видите уште барем 3 работи кои не ви требаат, но ќе ги ставите во кошничка.

9-trikovi-so-koi-prodavnicite-ne-teraat-da-trosime-poveke-06.jpg

7. Паметно осветлување

Токму затоа овошјето и зеленчукот ви изгледаат многу посочно на полица во маркет, отколку дома во фрижидер.

9-trikovi-so-koi-prodavnicite-ne-teraat-da-trosime-poveke-07.jpg

8. Дупки во полиците

Ова е трик кој се користи за да му докаже на купувачот дека „производот е толку добар, што е при крај.“ Вработените намерно ги оставаат тие дупки во полиците за да делува дека производот се троши со брзина на светлината.

9-trikovi-so-koi-prodavnicite-ne-teraat-da-trosime-poveke-08.jpg

9. Поскап vs. поевтин производ

Замислете си дека имате два бокали за топлење вода еден до друг. Едниот има цена 3.099 денари, а другиот 2.099 денари. Контрастот на цената ве тера да посегнете по „поевтиниот“, без да знаете дека се работи за идентичниот бокал, со некоја ситна разлика во дизајнот. На сликата пример, тоа е црвената линија на рачката.

9-trikovi-so-koi-prodavnicite-ne-teraat-da-trosime-poveke-09.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
5 работи кои често ги купуваме, а кои (реално) не ни се потребни Денес се многу популарни справите за вежбање кои се користат дома. Ги гледа...
Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот За разлика од новите генерации кои користат паметни табли и голем број надредни ...
Зелен чај против лош мирис и уште 6 трикови со кои чевлите ќе ви бидат удобни и ќе личат на нови Долгото одење или стоење во салонки не е секогаш пријатно. По некое време п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg