Зошто не треба да им станувате на постарите во автобус?

Уште од мали нé учеле дека кога сме во автобус, постарите имаат предност да седат. Тие се поуморни, изнемоштени, носат торби, а ние сме помлади и можеме и да стоиме.

zoshto-ne-treba-da-im-stanuvate-na-postarite-vo-avtobus-01.jpg

Дури понекогаш доаѓа и до кавга ако некој помлад не го отстапи местото, па се вклучуваат и другите патници и настанува вистинска збрка.

Но, едно истражување кое го спроведе British Medical Journal тврди дека сепак не треба да го практикуваме ова. Според нив, на постарите лица им е потребна поголема физичка активност, па поради тоа е добро тие да стојат во автобус.

Докторите велат дека стоењето е одлична вежба за целото тело која на тие години е многу потребна за правилно функционирање на мускулите. Физичката активност на постари години е многу поефикасна од апчиња и спречува разни здравствени проблеми.

Тие исто така советуваат и дека е добро да ги охрабрите постарите и да им објасните зошто стоењето е корисно за нив.

Сепак, ако некој постар човек очигледно изгледа изморено или е толку натоварен што добро би му дошло да седне, отстапете му го местото.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Готвење vs. достава, чистење vs. ангажирање хигиеничарка: Колку животот денес е поинаков од порано, ... Храната ни ја носат дома, за викендите сакаме да се одмориме наместо да чистиме,...
Работи кои се нормални во Јапонија, но на туристите им изгледаат како од друг универзум Купуваат лекови скршени на половинка, кога врне си земаат чадор од автобус па го...
Работи што постарите генерации никогаш нема да ги разберат за денешната младина, низ забавни илустра... Послободни сме кога станува збор за мода, бракот не ни е приоритет во младоста, ...
Приказна што трогнува: Маж од Турција 24 години ја чека изгубената љубов на автобуска постојка Оваа љубовна приказна ги допира сите души предизвикувајќи огромен број емоции ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg