Во Чешка е лоша среќа да се меша пивото: 15 чудни суеверија во светот

Иако во модерните општества повеќе од суеверните верувања веќе би требало да бидат искоренети, речиси секоја држава има своја историја на суеверија која игра голема улога во создавањето на една култура.

vo-cheshka-e-losha-srekja-da-se-mesha-pivoto-15-chudni-sueverija-vo-svetot-01.jpg

Во Македонија се смета за лоша среќа ако црна мачка ви го пресече патот, ако ја оставите чантата на под, ако скршите огледало, ако ви се истури пијалак, ако ви трепери окото и уште многу други.

Многу страшни приказни биле прераскажувани толку многу пати што веќе не им се знае потеклото и едноставно биле прифатени во секојдневието на луѓето.

Еве неколку работи кои треба да „внимавате“ да не ги правите во различни држави во светот за да не ве следи лоша среќа:

1. Во Русија може да „изедете ќотек“ ако облеката ви е наопаку

Ако ова сепак ви се случи веднаш поправете ја вашата грешка или дозволете на вашиот пријател да ве удри симболично за да ја намалите заканата.

2. Во Чешка лоша среќа е да мешате пиво

Кога сте во посета на Чешка, земјата на пивото, никогаш не ставајте пиво во чаша во која претходно имало остатоци од друго пиво. Ако го направите ова наодно ќе ве следи лоша среќа.

3. Вторник 13-ти е несреќен ден во Грција

Иако цел свет се плаши од петок 13, Грците имаат своја замена, а тоа е вторник 13ти. Потеклото на ова суеверие датира од петок 13, мај 1453 година, кога Константинопол паднал под Отоманското царство. Грците на овој ден избегнуваат бричење.

4. Во повеќето латиноамерикански култури се смета за несреќа венчавањето во вторник

Несреќниот вторник е присутен и во неколку латиноамерикански култури. Тие сметаат дека во вторник не треба да се венчаш, да одиш на патување или пак да го напуштиш домот.

5. Во Јужна Кореа не смеете да ги потресете нозете

Во Јужна Кореа ако ги потресете нозете, вашето богатство и добрата среќа ке паднат или ќе избегаат.

6. Во некои делови во Европа, палење цигара од запалена свеќа се смета за лоша среќа за морнарите

Во некои делови во Европа се смета дека ако запалите цигара од свеќа некој морнар ќе умре. Објаснувањето лежи во тоа што морнарите често продавале ќибрит за да заработат пари за храна, па така ако не користите ќибрит за да запалите цигари ги земате парите за храна на морнарите.

7. Во Италија никако немојте да го свртите лебот наопаку

Во Италија се смета за лоша среќа ако лебот е свртен наопаку, независно дали стои на масата или во чинија. Верувањето лежи во тоа дека лебот е телото на Исус и треба да се почитува.

8. Во Шведска не треба да ги оставите клучевите на маса

Зошто? Затоа што во минатото проститутките ги оставале клучевите на маса на јавни места за да привлечат клиенти. Така за да се одбегне ризикот од недоразбирање луѓето почнале да избегнуваат да ги оставаат клучевите на маса.

9. Откако ќе излезете од дома во некои делови на Централна Азија се смета за лоша среќа да се вратите ако сте заборавиле нешто

Ако сепак навистина морате да се вратите, тогаш треба да се погледнете во огледало и да се насмевнете пред да излезете од домот.

10. Во Азербејџан лоша среќа е да ви се истури сол и бибер

Тоа значи дека ќе се скарате. За да ја сопрете кавгата треба да ставите шеќер врз истурената сол или пиперот.

11. Старо германско суеверие е дека ако на Нова година ве посети жена, ќе имате лоша среќа цела година

Ова суеверие било популарно во 20-тиот век и според него ако на првиот ден од новата година ве посети жена цела година ќе имате лоша среќа, додека ако ве посети маж цела година ќе ве следи добра среќа.

Исто така се сметало за лоша среќа да се избањате или да си ја сменитео блеката во периодот помеѓу Божиќ и Нова година.

12. Во Турција се смета за лоша среќа да пиете вода во која се гледа рефлекција од светлината од месечината

Според турското министерство за култура оние што пијат вода во која се рефлектира светлината од месечината ќе имаат лоша среќа. Но во ред е да се бањате во ваква вода затоа што тоа наводно значи дека вашата иднина ќе биде светла како месечината.

13. Во Србија не смеете да кажете убав збор за новороденчето

Ако кажете некој комплимент за новороденче тоа може да го урочи.

14. Во некои азиски држави не треба да ги кратите ноктите навечер

Ако ги скратите вашите нокти навечер кога е темно можете да привлечете духови.

15. Во Германија никогаш немојте да честитате роденден порано

Тоа носи лоша среќа. Уште многу одамна се сметало дека ако некој ви честита роденден порано, ќе имате сини деца.

 А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
7 бон-тон правила за во ресторан и на свечени настани Ако сте на свечен настан со шведска маса, едната рака секогаш нека ви биде слобо...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg