11 имиња за бебиња забранети во земјите ширум светот

Португалија, Данска, Саудиска Арабија се дел од земјите со регистар на имиња кои се дозволени, односно забранети, за новороденчињата.

11-iminja-za-bebinja-zabraneti-vo-zemjite-shirum-svetot-01.jpeg

Кога новороденчето пристигнува на свет една од слатките маки е бирањето на име. Во Македонија немаме забранети имиња, но верниците најчесто гледаат тоа да биде некое кое го има на листата во православното календарче.

Но во земјите ширум светот постојат имиња што се забранети. И додека во некои земји принцези имаат такви имиња, во други истите тие имиња се на црната листа.

Од Исланд до Саудиска Арабија, еве кои имиња се забранети во земјите ширум светот:

Catherine

Во Португалија ова име е забрането. Строгите правила на владата се наведени во листа на 83 странци на одобрени и неодобрени имиња.

Peter

И Данска е земја со специфичен регистер. Данците, како и Португалците, сакаат имиња кои одговараат на нивниот мајчин јазик и култура.

Sarah

Ова име не влегува во официјалната листа на одобрени имиња во Исланд. Но ако сакате вака да го крстите своето дете или пак да му дадете некое друго име надвор од листата, тогаш треба да пополните специјално барање за тоа име да биде додадено во регистарот.

Linda

Во 2014 година, владата на Саудиска Арабија објави листа до 51 забрането име, поради тоа што не биле во согласност со традициите на државата. И имињата што звучат многу западно се на оваа листа.

George

Додека во некои држави ова име го носат престолонаследници, во Португалија тоа е забрането.

Harriet

Сè уште нема ниту едно бебе на Исланд кое го носи ова име.

John

Ова е најпопуларното име во последните 500 години во Америка, но Данска не го дозволува.

Stephen

И Унгарија има регистар на дозволени имиња, кои се во духот на мајчиниот јазик. Па името Stefán е во ред, но не и неговата англиска верзија Stephen.

Thomas

Tom, Thomas и Thomás се забранети со португалските закони.

Maya

Родителите од Саудиска Арабија мора да го тргнат и ова име од листата на идеи на име за своето новороденче.

Lucifer

Не е јасно дали е официјално забрането, но пар во Германија сакал да го крсти својот син Lucifer и судија не им го дозволил тоа. Ова име е забрането и во Нов Зеланд.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...
Елена, Давид и уште 4 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во септември Ако треба да станете родители во септември, а сè уште не знаете кое име да му го...
Најубавите машки и женски имиња на буквата „Л“ кои значат нежност, светлина и заштита Едно од најпопуларните машки имиња на светот, Лука, во превод значи „светлост, с...
За вашите принцови и принцези: Кралски имиња кои се популарни и во Македонија Елизабета, Дијана, Александар... Кои имиња со кралско значење се популарни кај н...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Стари македонски имиња за девојчиња со убаво значење Трендовите се менуваат од година во година, но многумина се прашуваат - каде исч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg