10 грешки што ве тераат да водите несреќен живот

Постојат многу начини за да си го направите животот посреќен кои се многу едноставни, но постојат и многу начини на кои можете да ја уништите.

10-greshki-shto-ve-teraat-da-vodite-nesrekjen-zhivot-01.jpg

Секојдневните ситници понекогаш, иако не сме свесни за тоа, прават да водиме живот во кој постојано нешто ни недостасува.

Дознајте кои се тие работи и навики кои го прават животот малку по малку несреќен и како да го промените тоа.

Погрешна перцепција за алармот

Веднаш откако ќе се разбудите, телото повторно се обидува да заспие, па одеднаш се буди, па повторно заспива и така во круг, како резултат на одложувањето на алармот и бирањето „snooze“ опција. Потоа, тоа води до брзање, пиење кафе, брзо миење заби и лице и секако, доцнење. А, нервозата е неизбежна.

Совет: Не го поврзувајте алармот со горенаведената ситуација и да ви претставува тешкотија кога ќе го слушнете. Наместете алармот да ви ѕвони со убава мелодија која нема да ви стане здодевна.

Така, будењето нема да ве асоцира на тортура, туку на нешто убаво, а може и да си го поврзете со помислата за кафе и подготвување во пријатна атмосфера.

10-raboti-shto-ve-teraat-da-vodite-nesrekjen-zhivot-02.jpg

Редовно доцнење

Доцнењето навистина е неубава навика и предизвикува непријатна ситуација, каде секогаш за оправдување го наоѓате доцнењето на aвтобусите, неумеењето на шоферот да вози, метежот во сообраќајот и уште многу други работи, но никогаш сами себе не се гледате како виновник.

Кој и да е виновен, таквите ситуации предизвикуваат нервоза, а ако многу често доцните, нервозата се таложи и на годишно ниво „за глупост“ поминуваат низ стрес, што со сигурност влијае на вашиот живот и расположение.

Совет: Ставете си во глава дека тоа е ужасна навика која доколку е честа може сериозни да ви наштети, па обидете се да вложите труд и да најдете начин за навреме да стигате.

Доколку пак, се случи да задоцните некогаш, што е сосема нормално, давајте добра причина за тоа и почитувајте го времето на оној кој ве чекал.

Импулсивно купување непотребни работи

Одвреме-навреме нормално е да си купиме нешто само затоа што ни се допаѓа, иако не ни е неопходно. Но, маркетиншките трикови влијаат на некои луѓе, така што тие постојано купуваат работи кои не им се потребни и ги трупаат полиците и домот со бескорисна козметика, предмети и други глупости кои само претставуваат трошок.

Пресметајте само колку пари сте дале на непотребни ситници, понекогаш со парите кои залудно сте ги фрлиле на предмети сте можеле да си купите евтин авионски билет за патување.

Совет: Научете ги триковите кои продавниците ги користат за да нѐ натераат да трошиме повеќе и обидете се да не паѓате на нив.

Исто така важно е да ги цените парите и научете да штедите. Овие совети ќе ви помогнат многу кога ќе знаете дека парите не ви се залудно потрошени, а домот не ви е преплавен со бескорисни работи.

10-raboti-shto-ve-teraat-da-vodite-nesrekjen-zhivot-03.jpg

Сакате да постигнете сѐ

Популарните и искусни тренери кои постојано даваат совети и мотивациски говори за успех, велат дека за да се постигне успех е потребно да се зголеми продуктивноста.

Но, многумина ова погрешно го сфаќаат и мислат дека треба да постигнат успех на секое поле и сакаат да направат сè одеднаш, а токму тоа води до неуспех, разочарување и незадоволство.

Совет: Во трката со време да постигнете сè, заборавате на главните цели и на малите работи кои понекогаш се и повеќе од доволни за среќа. За сите предизвици, поставете си го прашањето „Зошто ми треба ова и дали воопшто го сакам? Што ќе добијам од тоа?“.

Ова е едноставен и ефективен метод кој ќе ви помогне да разберете која е вашата вистинска желба и цел која треба да ја постигнете, а што треба да оставите настрана без да трошите време и енергија.

Проверувате социјални мрежи повеќе од 3 пати на ден

Активните корисници на социјалните мрежи докажано се чувствуваат помалку среќно од останатите. Кај некои луѓе фотките на другите предизвикуваат љубомора, на пример ако си ги ставаат успешните деца кои дипломирале, а нивните уште се мачат.

Или пак, фотките од патувања, а тие седат дома и работат. Тоа може многумина да направи нервозни, несреќни и опседнати со туѓи животи.

Совет: Додека ги разгледувате фотките на социјалните мрежи кои ви предизвикуваат незадоволство, не заборавајте дека голем дел од нив се лажни.

На пример, не сите ослабеле толку многу како што се прикажуваат на сликите, така што, не очајувајте. Но, има и такви кои го постигнале тоа, па наместо да ви претставуваат незадоволство, гледајте на нив како мотив.

Уште 5 грешки на следната страна...



Би можело да ве интересира:

9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
5 работи кои често ги купуваме, а кои (реално) не ни се потребни Денес се многу популарни справите за вежбање кои се користат дома. Ги гледа...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg