10 грешки што ве тераат да водите несреќен живот

Неуспешно управување со време

Неспособноста да се организира времето води до две можности – едната е да го завршите денот уморни со помисла дека нешто ќе мора да оставите за утре, или уште на почетокот кога ќе се соочите со толку многу обврски, веднаш ги одложувате за следниот ден.

Во првиот случај, сте премногу уморни за да се чувствувате среќно, а во вториот задоволството и уживањето се претвораат во вина.

Совет: Приоритизирајте ги обврските уште пред да започнете со нивно извршување. Обидете се работите кои може да се комбинираат, да ги завршите истовремено и да не губите премногу време.

А, сè друго што ќе го обележите како не толку важно, оставете го за утре. Многу е важно ова да го направите на почеток на денот, за на крај да не мора да ги оставате важните работи недовршени.

10-raboti-shto-ve-teraat-da-vodite-nesrekjen-zhivot-04.jpg

Нездрави избори при исхрана

Под нездрава исхрана се мисли на брза храна и премногу благи работи, а истражувањата покажуваат дека луѓето кои постојано се хранат со ваквиот тип на храна имаат поголема шанса да паднат во депресија, отколку оние кои постојано здраво се хранат.

Совет: Ако сакате да си го зачувате здравјето, а со тоа и среќата, обидете е да готвите колку што е можно повеќе сами и да користите здрави и сигурни намирници.

Во моменти пак, кога мора да нарачате храна, обидете се да биде со состојки кои нема многу да ви наштетат и не мора да ги нарачате најбогатите пици.

10-raboti-shto-ve-teraat-da-vodite-nesrekjen-zhivot-05.jpg

Жалење за одлуките

Мислите од типот „Ако направев онака, можеби немаше да биде вака…“ не ви се потребни бидејќи само ви создаваат негативно чувство, а не може ништо да се промени кога е веќе направена одлуката.

Луѓето кои ја имаат оваа навика често се чувствуваат несреќно, а во овој тип на навики влегуваат и оние кога се плашите за иднината.

Совет: Кога ќе се фатите себеси како се оптоварувате со вакви мисли, запрашајте се дали тоа што го размислувате може некако навистина да ви помогне и да ги промени нештата.

Доколку не, пуштете гласна музика, опуштете се, излезете на прошетка, дружете се со луѓе – што и да е, само да се оттргнете од овие мисли.

Неподдржани претпоставки

Многу често се случува да размислуваме за постапките на нашите блиски и сами да бараме причини за нивното однесување, па потоа врз база на нашите претпоставки, да направиме цело сценарио со настани, а тоа води до недоразбирања и непотребни кавги што непотребно ни го уништуваат расположението и ни ја трошат енергијата.

Совет: Ако сакате да дознаете што некој мисли или зошто постапил на одреден начин, едноставно прашајте го без сами да си смислувате сценарија.

Подобро е да се пресрамите и да прашате што и да е, отколку да губите време на незначајни претпоставки и да се мачите во себе.

Постојана грижа на совест

Нормално е понекогаш да чувствувате грижа на совест, тоа покажува дека сте одговорни и преземате одговорност за сопствените дела. Но, доколку ова се случува постојано и за секоја ситуација вие се наоѓате за виновни дури и ако не е така, тоа може длабоко во вас сериозно да ве измачува и да ве спречува да се опуштите и да уживате во животот.

Совет: Ако сте постапиле неправилно и сте свесни за тоа, поправете ја ситуацијата и извинете се, не дозволувајте да помине многу време и „да остарете“ со чувството на вина.

Откако ќе го направите тоа, заборавете на случката и продолжете среќно да го живеете животот.

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
5 работи кои често ги купуваме, а кои (реално) не ни се потребни Денес се многу популарни справите за вежбање кои се користат дома. Ги гледа...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg