Не грижи се дали си стара, грижи се дали ти е здодевно: Мудри совети за жените по 30-тата

Годините минуваат, но тие се само бројка. Престани да го трошиш времето на работи што не можеш да ги промениш.

ne-grizi-se-dali-si-stara-grizi-se-dali-ti-e-zdodevno-mudri-soveti-za-zenite-po-30-tata-01.jpg

Маргарет Менинг авторка на онлајн магазинот „Sixty and me“, креиран за жени по 60-тата година, дава одлични совети, кои секоја жена по 30-тата година треба да ги знае.

Еве од кои 27 совети треба да се водите низ животот:

- Запамети дека твојот живот не е генерална проба, туку премиера.

- Прифати ги смирено промените кои доаѓаат со годините.

- Годините се само бројка, која не одредува која си ти.

- Пронајди хоби во кое уживаш и размрдај ја својата дневна рутина.

- Иако е тешко, обиди се секогаш да бидеш искрена со себе.

- Не грижи се дали си остарела, грижи се дали ти е здодевно.

- Никогаш не престанувај да бараш инспирација.

- Учи, читај, патувај.

- Купувај класична облека, тоа е секогаш во мода.

- Престани да трупаш работите, ослободи се од сè што ти е бескорисно.

- Не комплицирај, држи се до едноставните работи.

- Никогаш не дозволувај да те води стравот.

- Сакај и однесувај се кон своето семејство на начин на кој би сакала тие да се однесуваат кон тебе.

- Не постои совршено време за деца. Кога навистина ги посакуваш, треба да ги имаш.

- Би требало да сочувствуваш не само со другите, туку и со самата себе.

- Научи да простуваш.

- Внимавај на кругот на блиски пријатели и не дозволувај погрешни луѓе да влезат во него.

- Чувај ги најблиските, тие ќе бидат туку за тебе без оглед на сè.

- Никогаш не оди на спиење лута.

- Кажувај им на блиските дека ги сакаш што почесто.

- Цени ја својата убавина. По 30-тата година жената процветува.

- Не троши го времето нервирајќи се за работи што не можеш да ги промениш.

- Верувај ѝ на својата интуиција.

- Дури и кога мислиш лошо за себе, не говори лошо за себе.

- Дозволи му на детето во тебе да излезе од време навреме.

- Биди воин, научи да бидеш снаодлива и независна.

- Не плаши се, сè ќе дојде на свое место во свое време, природата нè подготвува за секоја животна доба.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
5 потсетници кои ќе ви помогнат полесно да ги прифатите големите (и неизбежни) животни промени Не заборавајте дека промените ни помагаат да созрееме, но и дека секогаш ни носа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg