7 необични онлајн експерименти од кои научивме нешто полезно

Има многу храбри луѓе коишто ги кршат стереотипите и мислат надвор од границите.

7-neobicni-eksperimenti-na-internet-od-koisto-naucivme-nesto-polezno-01.jpg

Некои од нив спроведуваат и мали експерименти инспирирани од сопствените животи, а со тоа ги инспирираат и останатите да го сменат својот начин на живот.

Што точно дознавме и научувме со помош на интернетот и експериментите чии резултати луѓето ни ги доближија со помош на истиот?

3 години ја носела истата облека секој ден на работа

Експериментот: Матилда Кал го решила својот проблем со избирање на облека секој ден наутро, а тоа го направила многу радикално. Решила да носи секој ден иста облека и тоа траело 3 години.

Таа се изморила од трошење на време секое утро во избирање што да облече. Затоа вложила пари во неколку бели кошули и неколку пара исти црни панталони. Така тоа ѝ било секојдневна „униформа“ за на работа.

Резултатот: Матилда ги зачувала своите скапи фустани за викендите и за вечерните забави, а истовремено заштедила на време секое утро, бидејќи точно знаела што ќе облече. Овој експеримент ѝ заштедил време и енергија кои ги искористила за да се види со пријателите и фамилијата.

7-neobicni-eksperimenti-na-internet-od-koisto-naucivme-nesto-polezno-01 (1).jpg

Човекот кој јадел само компири цела година

Експериментот: Ендрју Тејлор јадел само компири цела една година.

Резултатот: Ендрју му покажа на целиот свет што се случува со твоето тело ако јадеш само компири. Погледнете го, изгубил 50 kg и изгледа одлично. Сепак, оваа ригорозна диета не е за секого.

7-neobicni-eksperimenti-na-internet-od-koisto-naucivme-nesto-polezno-01 (2).jpg

Детство без гаџети

Ескпериментот: Ники Бун, мајка на 4 деца и фотограф, живее со нејзината фамилија на фарма во Нов Зеланд. Таа решила да ги одгледува своите деца во склоп со природата, без гаџети и без телевизија. Тие живеат така веќенеколку години.

Резултатот: Фамилијата на Ники со својот пример покажала дека на децата не им се потребни гаџети за да бидат среќни. Ним им треба вашата љубов и малку слобода.

Тие се чувствуваат одлично растејќи без лаптопи и смартфони. Ники направила фото-серијал од животот на нејзините 4 деца без технологија.

7-neobicni-eksperimenti-na-internet-od-koisto-naucivme-nesto-polezno-01 (3).jpg

Жена живеела без пари 20 години

Експериментот: Хајдимари Швермер сфатила дека луѓето стануваат преголеми материјалисти. Затоа таа се иселила од нејзиниот апартман, ги раздала најголем дел од своите работи и решила да направи еден експеримент, да живее без пари една година.

Таа им помагала на луѓето во замена за храна и престој. Не користела јавен транспорт и неопходните работи и облека ги носела во мала торба.

Резултатот: Хајдимари живеела без пари цели 20 години. Со нејзиниот пример таа докажала дека парите не се најважната работа на светот. Долги години била јавен говорник и редовен гостин на телевизиски емисии.

7-neobicni-eksperimenti-na-internet-od-koisto-naucivme-nesto-polezno-01 (4).jpg

Пар од викторијанското доба

Ескпериментот: Сара и Габриел Крисман решиле да живеат како да се во викторијанско доба. Тие се откажале од бенефитите на модерната технологија, користеле леген за перење, шиеле облека, користеле газиени ламби и рецепти од книга за готвење од 19 век.

Резултатот: Ваквиот невообичаен начин на живеење го натерал парот да го гледа светот и луѓето на поинаков начин, а со тоа и подобро да ја разбира нивната позадина.

Многу работи од минатото испаднало дека се многу практични, а рецептите заслужиле особена пофалба. Сара напишала книга за нивното искуство од живеењето во викторијанската доба.

7-neobicni-eksperimenti-na-internet-od-koisto-naucivme-nesto-polezno-01 (5).jpg

Живот без отпад

Експериментот: Беа Џонсон одбрала да живее живот без ѓубре создадено од неа или нејзината фамилија. Таа одбивала да купува или користи работи коишто не може да се рециклираат, како што се опаковки коишто се фрлаат, хемикалии за чистење во пластични шишиња и многу други непотребни работи.

Резултатот: Беа со нејзиниот пример покажала дека не е тешко да се живее еколошки – стаклото и хартијата лесно може да ја заменат пластиката. Нејзината фамилија произведува само 1 kg отпад годишно.

7-neobicni-eksperimenti-na-internet-od-koisto-naucivme-nesto-polezno-01 (6).jpg

Една година без интернет

Експериментот: Новинарот Пол Милер живеел една година офлајн. Не користел ниту една социјална мрежа или мобилни апликации, а својот e-mail го заменил со вистинско поштенско сандаче. Бидејќи бил постојан корисник на интернет уште од својата 12 година, Пол решил да дознае како е да се живее од другата страна на интернетот.

Резултатот: Тој почнал да пишува книга, ослабнал 5 kg и ја подобрил својата концентрација. По експериментот почнал многу посовесно да го користи интернетот само како инструмент којшто треба да се користи разумно.

7-neobicni-eksperimenti-na-internet-od-koisto-naucivme-nesto-polezno-01 (7).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
5 работи кои често ги купуваме, а кои (реално) не ни се потребни Денес се многу популарни справите за вежбање кои се користат дома. Ги гледа...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg