4 типови на ментални делузии кои настанале поради телевизијата, интернетот и филмовите

Кога бевме мали често слушавме како родителите нè караат да излеземе надвор и да си играме во реалниот свет, наместо да поминуваме толку време пред телевизија или онлајн. Тоа сепак не се зборува без причина. Постојат многу луѓе кои живеат во анксиозност и стрес и страдаат од повеќе ментални делузии поради прекумерно живеење во виртуелниот свет.

4 tipa na mentalni deluzii koi nastanale poradi televizja internetot i filmovite 1

Еве неколку ментални делузии настанати поради телевизијата, интернетот и филмовите:

1. Верување дека живеете во Шоуто на Труман

Сигурно сите се сеќавате на хит филмот во кој Џим Кери го глумеше Труман Бурбанк. Труман цел живот несвесно живееше во сопствено реално шоу за кое не знаеше дека постои. Веруваше дека живее нормален живот, а сите освен него знаеја дека животот му е само една голема ТВ забава за масата.

Овој филм излезе во 1998 година, а до 2002 година, многу психијатри изјавија дека имаат пациенти кои веруваат дека нивниот живот не е реален туку е едно големо реално шоу.

Овие пациенти верувале дека нивниот живот се прикажува 24/7 на телевизија, дека сите други освен нив знаат дека тие се на телевизија но не им кажуваат. Околу 40 потешки случаи на Труман Шоу делузија биле пријавени до 2008 година, најчесто од мажи на возраст помеѓу 25 до 34 години.

4 tipa na mentalni deluzii koi nastanale poradi televizja internetot i filmovite 2

2. “Münchausen” на интернет

Како “Münchausen” синдромот, кога луѓето се преправаат дека се болни или жртви на нешто со цел да добијат внимание од другите, “Münchausen” на интернет е лажирање на болест, траума или глумење пожртвеност на интернет. Ова нарушување било првпат откриено во 2000та година, и најчесто се случувало по форуми. Денес го има насекаде на социјалните мрежи и блогови.

Најпознат случај бил случајот на американката Деби Свансон кој две години се преправала дека има 19 годишна ќерка по име Кејси Никол која страда од леукемија. Таа имала огромен број на следбеници на нејзниот блог, каде што секој ден пишувала од име на ќерката и од нејзино име.

Во 2001 година таа напишала на блогот дека за жал нејзината ќерка починала. Нејзините следбеници почнале да се сомневаат откако Деби не сакала да сподели информации за погребот, ниту пак прифаќала картички и подароци.

По некое време се открило дека ќерката всушност никогаш не постоела и нејзината состојба била целосна фикција. Деби признала дека комбинирала приказни од луѓе кои ја имаат болеста со цел да изгради карактер на кој може да му се верува во приказната.

3. Париз синдром

Париз, градот на романсата. Каде што сите изгледаат прекрасно и се преубаво облечени, каде што секој ден е бајковит и луѓето ги поминуваат деновите јадејќи макарунс и кроасани гледајќи кон Ајфеловата кула.

Освен што, Париз воопшто не е таков. Многу туристи го дознаваат ова на потешкиот начин. Париз синдромот е најчест кај јапонските туристи, кои веруваат во идеализираните реклами во кои се рекламира Париз во списанијата.

Многу јапонски туристи по пристигањето во Париз претрпеле сериозна анксиозност, чувство на збунетост и неверување и сериозни разлики во културата кои придонеле кон панични напади.

Јапонската амбасада има 24 часовна телефонска линија за помош на засегнатите туристи а постои дури и краток документарец за оваа состојба на Јутуб.

4 tipa na mentalni deluzii koi nastanale poradi televizja internetot i filmovite 4

4. Синдром на злобен свет

Гледањето вести може навистина да не депримира, со вести како војни, природни непогоди, немири и протести кои секојдневно ги има во топ вести. Поради ова не изненадува ниту фактот дека многу луѓе имаат социјална анксиозност и веруваат дека светот е многу пострашен отколку што навистина е.

Колку повеќе луѓето се изложени на најразлични медиуми, толку повеќе нивната перцепција за светот ќе биде реална. Медиумите претставуваат некоја злоба слика за светот во која луѓето веруваат и се плашат да патуваат а во некои потешки случаи дури да излезат и од домот.

Многу истражувања покажале дека луѓето кои гледаат телевизија многу повеќе веруваат дека светот е злобен, дека луѓето само сакаат да те искористат и да ти направат нешто лошо отколку тие што не гледале телевизија и не следеле вести.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Жените го имаат главниот збор, мажите го земаат нивното презимe: Интересни факти за племето Кхаси од... Мажот во куќата доаѓа како домазет, целиот имот останува на најмалата ќерка, а а...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg