Што е Black Friday и зошто се нарекува така најпопуларниот ден за шопинг во светот?

Во последниве неколку години, и во нашата земја сите се опседнати со Black Friday (црн петок) и попустите за шопинг кои трговските центри и продавниците ги нудат на овој ден.

shto-e-black-friday-i-zoshto-se-narekuva-taka-najpopularniot-den-za-shoping-vo-svetot-01.jpg

Но, дали некогаш сте се запрашале што е всушност Black Friday, зошто се вика така и од каде потекнува овој посебен ден?

Секоја година, еден ден после Thanksgiving (ден на благодарност), празник кој Американците го слават, е познатиот Black Friday, кој го сигнализира почетокот на празничната шопинг сезона.

Иако овој ден не е официјален празник, многу работодавачи во Америка им даваат слободен ден на вработените и сите го користат тоа за празничен шопинг со големи попусти.

Овој ден стана маркетинг сензација која со текот на годините се прошири речиси насекаде низ светот и важи за најголем шопинг ден во годината.

Шопинг центрите и продавниците посебно се подготвуваат за овој ден и нудат специјални попусти и промоции за купувачите кои пазарат цел ден, а попустите многу често траат цел викенд.

Некои „шопинг зделки“ се во ограничени количини па токму затоа луѓето буквално „се тепаат“ за да го добијат она што го замислиле во свои раце.

shto-e-black-friday-i-zoshto-se-narekuva-taka-najpopularniot-den-za-shoping-vo-svetot-05.jpg

Но, зошто баш црн петок - од каде потекнува ова име?

Се верува дека името е добиено во Филаделфија во ’60-ите години, а возачите на автобуси го користеле за да го опишат густиот сообраќат кој ги „гуши“ градските улици ден после Thanksgiving, кога луѓето го започнуваат празничниот шопинг.

shto-e-black-friday-i-zoshto-se-narekuva-taka-najpopularniot-den-za-shoping-vo-svetot-03.jpg

shto-e-black-friday-i-zoshto-se-narekuva-taka-najpopularniot-den-za-shoping-vo-svetot-02.jpg

Друга теорија е дека, заради сообраќајниот метеж се случувале многу несреќи, а и често имало насилство, па полицијата го нарекла денот „црн петок“.

Но, на бизнис индустријата не и се допаѓала оваа негативна асоцијација со денот, посебно на трговците со оглед на тоа што тој важи за шопинг ден, па во ’80-ите му дале попозитивна смисла која почнала да се шири.

Според позитивните теории, црниот петок е ден кога продавниците остваруваат голем профит. Од сметководствен аспект, губењето пари и негативните суми се обележувале со црвено мастило.

Позитивните суми пак, односно профитот, се обележувал со црно мастило, па затоа денот кога продавниците остваруваат најголем профит во годината е наречен црн.

Оваа година, Black Friday е на 24-ти ноември, па подгответе се добро за попустите кои се нудат и доколку и вие сте „зафатени“ од оваа шопинг манија, бидете први и искористете го максимално овој ден.

shto-e-black-friday-i-zoshto-se-narekuva-taka-najpopularniot-den-za-shoping-vo-svetot-06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Самоубиство, предозирање, убиство: Деца генијалци чии животи завршиле трагично Програмерскиот гениј Арон Шварц изврши самоубиство на само 26 години, додека ист...
8 сурови вистини од кои ќе научите многу за животот Ако не се борите за тоа што го сакате, не треба да плачете за тоа што ќе го изгу...
Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат...
Девојчињата ги мажат на 13 години, жените немаат никакви права - Бизарните обичаи на народот Масаи Жените во ова племе служат за градење куќи и одгледување деца и стока, кога не с...
3 психолошки вистини за луѓето со избувлив карактер (што другите најчесто не ги разбираат) Нивните чувства потекнуваат од потребата за самозаштитување, а не од омраза, а п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg